Дом и семејство
Зошто е добро да го научите детето да игра самостојно?
Учењето независна игра може да потрае малку подолго додека детето не се навикне на него...
Играњето со детето е прекрасно и за родителите и за децата, но независната игра е исто така многу важна за развојот на детето. Наместо секогаш да посегнувате кон телевизор или компјутер кога не можете да си играте со вашето дете, прочитајте неколку корисни совети што ќе му помогнат на вашето дете да научи како да си игра и без вас.
Ако вашето дете никогаш не си играло само, тогаш веројатно ќе му биде тешко да се навикне на самостојна игра. Се разбира, тоа не значи дека никогаш не треба да си играте со детето, туку да бидете сигурни дека не сте секогаш единствениот извор на забава на вашето дете. Од време на време, оставете го да си игра само со своите играчки, на безбедно место каде што можете да го набљудувате и едноставно да му помогнете доколку е потребно. Независната игра дури и на самиот почеток може да биде толку едноставна, како да ставите бебе во лулашка во ваша близина. На тој начин, можете да го гледате цело време и да му „помогнете“ доколку е потребно.
Не очекувајте вашето дете одеднаш да започне да игра само со часови. Учењето независна игра може да потрае малку подолго додека детето не се навикне на него, а нежниот и постепен пристап е честопати најдобриот пристап. Ова може да го постигнете ако седите покрај вашето дете додека игра, но не учествувате активно во играта. По некое време, едноставно се оддалечувате за момент, а потоа се враќате и секој пат го продолжувате времето во кое нема да сте покрај него додека си игра. Постепено, детето ќе сфати дека не сте му потребни секогаш покрај него но сепак ќе чувствува утеха знаејќи дека не сте далеку.
Телевизијата, таблетите, мобилните телефони и играчките со трепкачки светла не се лоши ако се користат умерено. Но, ако тоа е се што знаат вашите деца, тогаш не сте им дале шанса да го користат својот ум, да бидат креативни и да се забавуваат. Обидете се да изберете потрадиционални играчки како дрвени играчки, пластелин, сликовници и книги, топки. ..
Одвојте време да се вклучите и целосно да се поврзете со вашето дете во врска со неговата игра, дури и ако тоа е за неколку минути, пред да го оставите само и да го пофалите кога ќе заврши. Исто така, обидете се да не ја прекинувате играта премногу, почитувајте што прави детето и предупредете го кога е време да ја заврши играта или активноста. На овој начин, детето ќе чувствува поголема гордост и самодоверба поради она што го постигна.
Можеби на почетокот е тешко, но ако почнете да си играте заедно, а потоа му објасните дека сега треба да завршите некои обврски, со текот на времето ќе сфати дека така функционираат работите. Само потсетете се дека треба да останете љубезни, нежни, да внимавате на детето и да го охрабрувате за време на играта.