Новости

ЗОШТО БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА РАСТЕ А БРОЈОТ НА CMPTНИ СЛУЧАИ ОПАЃА- Конечно решена оваа мистерија!

Многу земји влегоа во трет бран

Состојбата со вирусот корона од ден на ден станува сè поалармантна.

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

Италија, Шпанија и Франција се земјите каде коронавирусот буквално предизвика хорор. Но денес многу помалку луѓе се заразени дневно, и помалку луѓе умираат отколку во првиот бран. Србија, која го соборува рекордот по бројот на заразени во третиот бран, има многу помалку см ртни случаи отколку во јули.

Ова може да се забележи и според официјалните податоци објавени од СЗО.

Повеќето европски земји сега се во вториот бран, а некои земји, како што е Србија се влезени во третиот бран.

Според податоците на СЗО, најголемиот удар од коронавирусот Италија го почувствува на почетокот на епидемијата, а рекордниот број на заболени беше регистриран на 22 март – 6.557.

Foto: Profimedia

Од почетокот на вториот бран, во Италија вчера е забележан нов црн рекорд на сmрт ност каде бројот на заразени беше – 15.199, додека рекордот за почи нати во вториот бран е 127 жртви.

 

 

Иако скоро сите европски земји, вклучително и Србија, поставуваат црни рекорди за бројот на заразени лица во новиот бран на короната секојдневно може да забележиме дека во оние земји каде дневно имаше голем број на жртви, бројот на смртни случаи на дневна основа е значително помал отколку на почетокот на епидемијата.

 

 

Според експертите постојат повеќе причини за оваа поповолна статистика а како фактори кои влијаат ги  посочуваат новите терапевтски методи, клиничко искуство, побрза дијагностика, претходно пријавување на пациентите во институциите, но и  фактот дека тие се новоинфицирани претежно во помладата возрасна група.

Бројот на заболени може да се зголеми за две до три недели

Со зголемување на заразените, се одложува сmртноста, па поради тоа експертите врелат дека можно е да се случи брза промена на овие статистички податоци.

 

– Кога станува збор за домашните слави, сигурно ќе има зголемување на бројот на пациенти, а смртн ите случаи ќе се видат подоцна, вистинскиот број на сmртни случаи што сега се случува ќе се види за две или три недели – рече епидемиологот д-р Кон.

Иако повеќето земји во Европа забележаа голем број на сmртни случаи на почетокот на пандемијата се чини дека Балканот, сега го чека црно сценарио.

 

 

Таков е примерот со Црна Гора и Хрватска. Во Црна Гора во првиот бран на 3 април имало најголем број на заболени – 37 април, а вториот на 13 октомври се забележани 462 заболени.

Во март е забележан најголемиот број на заболени во Хрватска односно 96, а на 17 октомври 1.131 заболени. Што се однесува до почин атите, во април дневно имало најмногу осум, а на 20 октомври дури 11.

 

Србија исто така бележи рекорд во бројот на заразени. Во средата се регистрирани дури 512 нови случаи, што е најголем број од почетокот на епидемијата.

Македонија исто така бележи зголемување на бројот на заболени. Од почетокот на пандемијата до сега црн рекорд на заболени е забележан на 21. 10 кога бројот достигна 641 пациент, и 12 почи нати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Според Д-р Марија Здравковиќ, директор на КБЦ Бежанијска коса, дека комбинација на фактори е одговорна за ваквата статистика.

 

– Луѓето започнаа да работат на градење личен имунитет, па многу повеќе од нас сега пијат витамин Ц, Д. Веројатно се спроведуваат повеќе мерки за заштита, па затоа се помал е бројот на заболени со тешка клиничка слика. Потребно е повеќе од 10 дена за да се влоши болеста, па затоа пациентите добиваат терапија порано – посочува д-р Здравковиќ и додава дека денес за разлика од почетокот на пандемијата, коронавирусот се дијагностицира побрзо.

 

 

Со ова се согласува и истакнатиот српски инфектолог, проф. Д-р Жарко Ранковиќ, кој вели дека една од важните причини е што здравствениот систем има стекнато искуство во лекувањето на најтешките пациенти.

Тој посочува дека сега воглавно се заболуваат лица помеѓу 20 и 40 години, па затоа и смрт носта е помала, бидејќи познато е дека вирусот потешко ги напаѓа повозрасните лица.

Важно е да ги заштитиме луѓето постари од 65 години и хронично болните пациенти, но исто така е важно сите да се придржуваме до мерките, бидејќи никој не знае како ќе реагира неговото тело на вирусот, посочи тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close