Кафе муабет
Зона Замфирова го фати најголемиот холивудски шармер- Поради него остави се и замина во Америка
Се разделија по нејзина иницијатива...
Актерката која врвот на својата кариера го достигна со улогата на Зоне Замфирова нема многу среќа во љубовта.
Емотивниот живот на Катарина Радивојевиќ отсекогаш ја интригирал јавноста, а таа се најде во центарот на вниманието пред неколку месеци, по смртта на сопругот на Николина Пишек, Видоје Ристовиќ.
Имено, тогаш се огласи Виктор Ристовиќ, попознат по прекарот Миша Гроф, кој откри непознати детали за врската на хрватската водителка, познатата актерка и неговиот син.
– Николина и Катарина Радивојевиќ беа едни од најдобрите пријателки, а Видоје со Катарина беше во врска нешто помалку од две години. Николина го запознала како момче на нејзината другарка и го украла од неа, а биле неразделни. О, Боже, зошто не остана со неа. И да, ја расипа таа врска и се омажи за момчето на нејзината пријателка… Катарина ја видов двапати, беше прекрасна и многу воспитана – изјави тогаш Миша Гроф за Курир.
Иако не зборува често за својата интимност, таа ја потврди оваа врска:
– Вистина е дека јас и Видоје повеќе не сме заедно и дека на нашата врска и пресуди далечината – изјави Катарина за „Ало“, истакнувајќи дека најголемите несогласувања во врската започнале за време на нејзиниот престој во Русија, каде што снимила филм.
Дека емотивниот живот на Катарина Радивојевиќ не е најдобар говори и тоа што нејзината романса со Игор Којиќ заврши неславно поради, како што се шпекулираше, уште една позната Хрватка.
Тоа е Северина, поради која синот на Кеба наводно ја напуштил „убавата Зона Замфирова“, додека со бизнисменот Вук Мишковиќ таа се раздели поради далечината, која беше непремостлива пречка.
Актерката која пред десет години се пресели во Америка, многу подоцна ја призна својата романса со американската суперѕвезда со корени од Порторико, Бенисио дел Торо.
Иако уште во 2011 година, низ театарските ходници и на филмските сетови можеше да се слушне дека српската убавица е во страсна врска со актер зад кој има педесетина улоги во големите кинематографски продукции, Катарина не зборуваше за нивната врска, а приказните останаа на ниво на гласини се до пред неколку години кога за „Gloria“ потврди дека Бенисио е причината што ја напуштила Србија , сепак истакна дека ја прекинала врската кога сфатила дека не може да го оствари својот сон за создавање нормално и здраво семејство.
Со оглед на безвременската убавина на Катарина Радивојевиќ, многумина се прашуваат како е можно толку убава, успешна и неизмерно талентирана актерка да нема среќа во љубовта.