Uncategorized

“Знаете дека сте мајка кога одење во тоалет со публика ви е секојдневие…” : Дваесет знаци кои покажуваат дека сте мајка!

Мајчинството знае да биде исцрпувачко...

Мајчинството е благослов, но да се биде мајка истовремено значи и да се биде супер-жена. Со самата улога на мајка доаѓаат многу нови дополнителни обврски, а и многу одрекувања. Повеќе не живеете само за себе, сега поважен од животот на мајката е животот на нејзиното дете.

Многумина можеби и ќе си помислат дека да се биде мајка е лесно, но тоа всушност е најисцрпувачката улога која може да ја има една жена.

Издвојуваме неколку знаци кои покажуваат дека сте мајка…

1) Кога за пет минути ќе успеете да направите повеќе работи отколку што прават некои луѓе за целиот ден.

2) Кога имате време за себе само во текот на тие 60 минути кога вашето бебе ќе заспие и пред да си легнете.
3) Кога се опоравувате подолго после пиење отколку по мала операција.
4) Кога гледате на чаша вино како сад со овошје.
5) Кога ви требаат мини-терапии секој ден со некој што е подготвен да ве слуша.

6) Кога одите во супермаркет и ви се чини дека одите на одмор.
7) Кога чувствувате дека сте во пеколот и во рајот во исто време.
8) Кога ќе ја поделите физичката болка на три нивоа: болка, неподнослива болка и стапнување на коцка Лего.
9) Кога можете да слушнете кивање низ затворена врата среде ноќ во соба одалечена од две простории, дури и кога партнерот рчи до вас.

10) Ако повеќе сакате да имате вие температура од 40 степени, отколку да гледате како вашето дете се бори со тоа.
11) Ако повеќе сакате да спиете отколку да имате секс.
12) Кога 15-минутниот туш изгледа како ден поминат во спа центар.

13) Кога одењето во тоалет со публика станува дел од вашето секојдневие.
14) Кога користите бебешки марамчиња за чистење на сè што е истурено или за отстранување на дамка од автомобилот.
15) Кога ќе се затворите во тоалетот и се преправате дека имате дијареа само за да одморите барем накратко.

16) Кога имате табла чоколадо која ја криете само за себе, бидејќи веќе не можете да споделувате сè.
17) Кога ги перете истите алишта три дена по ред, затоа што сте заборавиле да ги извадите од машината и да ги закачите да се исушат.
18) Кога ќе сфатите дека седите сами и го гледате омилениот цртан филм на вашите деца, дури триесет минути откако тие си легнале.
19) Кога можете да готвите, да доите, да разговарате на телефон, да им викате на децата и во исто време да не пропуштите ниту една ТВ-емисија од оние што ги следите.

20) Кога миењето на забите на крајот на денот изгледа како да кревате тегови.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close