Кафе муабет
Здравко Чолиќ прозборе за односот со ќерките: Сопругата ме критикува дека не сум доволно посветен!
Тато е секогаш подарежлив...
Пејачот Здравко Чолиќ не крие дека многу е приврзан за своите ќерки Уна и Лара и дека знае да биде попустлив бидејќи е слаб на нив.
Чолиќ вели дека сопругата секогаш го критикува бидејќи не е доволно присутен во воспитувањето и дека тоа го прифаќа како критика, но дека сепак се грижи. Откри и дека е многу понежен кон ќерките отколку сопругата, пренесуваат хрватските медиуми.
– Па, тие ме сакаат и ме слушаат, можам да кажам. Мама мораат, но јас сум секогаш малку сомнителен… секогаш сум малку попопустлив, тато е секогаш малку подарежлив, но секако, се грижам, како што се грижат сите татковци, сепак, секој има своја работа, така што поинаку можете да ги гледате работите кога децата ќе пораснат, понекогаш се чудиш како сето тоа се случува преку ноќ, па засега е тоа што е, ја прифаќам секоја критика, но загрижен сум, тоа е најважно – рече Чолиќ.
– Тешко е да се бориш со медиумите, иако немам лоши искуства со медиумите, не сум во некој голем проблем, понекогаш знае да биде малку зајадливо па не можеш ништо да направиш, но кога се децата во прашање тогаш можеби малку реагираш и така натаму. Не се криви што татко им се занимава со јавна работа, па секогаш се „ќерки на Здравко Чолиќ…“ додека не напреднат уште малку, додека не пораснат. Така што таму мора да реагирате, а на останатото навикнав, нема ништо што може да ме исфрли од колосек- призна Чолиќ.
Во 55-те години кариера на Чолиќ имаше моменти за паметење, а тој се присети на една случка на Макарска кога една обожавателка влезе во неговата соба преку тераса.
-Секогаш се сеќавам на Макарска, едно попладне, исто како сега пред концертот, една жена ја прескокна оградата на осмиот кат и влезе во мојата соба во хотелот, а јас бев шокиран, од каде дојде, можеше да падне, да погине, така да, имаше многу работи, но тоа ми остана во сеќавање. Но, имало секакви случки, тоа е долга кариера- вели Чолиќ за „Дневник.хр“.