Кафе муабет

Згоден, шармантен и голем заводник- Дали е ова Совршениот маж? Ова е актерот по кој полудеа жените!

Лукас Браво е актерот кој се прослави во улогата на келнер во серијата „Емили во Париз“

Модерна бајка со многу хумуристични елементи, за животот на една млада девојка која заминува во Париз. „Емили во Париз“ е серијата која буквално го освои светот.

Главната улога во оваа серија ја има Лили Колинс, која ја глуми Емили, која во серијата е девојка која поради успешната кариера, се сели во прекрасниот Париз каде носи облека на најпознатите модни куќи и светски дизајнери и ужива во врвната француска гастрономија и широко познати вина.

Оваа серија уште ја нарекуваат и наследничка на култниот „Се ксот и градот”, бидејќи е режирана од  Дарен Стар, кој воедно го нарекуваат и американскиот татко на телевизиските хитови како „Беверли Хилс“, „Мерлоус Плејс“.

Кој е нејзиниот прв сосед по кого сите полудуваат?

Атрактивниот француски готвач Габриел со зачудувачка насмевка и совршен акцент од чија уста секоја реченица звучи како неодолива покана за флерт.

Секој негов потег ќе и го помати умот, а кога ќе го запознае малку подобро, открива дека тој е убав, внимателен и многу верен човек.

Улогата на згоден сосед, ја доби доби 32-годишниот Лукас Браво. Неговиот изглед го помати умот на многу жени ширум светот, а  многумина го споредуваат и со американскиот актер Арми Хамер.

Инаку примарна дејност на овој згоден Французин кој е висок 186 сантиметри е професионален модел и модел на Viva Model Management од Париз.

Тој до дега се има појавено во бројни кампањи, вклучувајќи ја и онаа за Шанел од 2017 година со Ели Бомбер.

View this post on Instagram

CHANEL by @LisaPaclet @elliebamber_ @chanelofficial

A post shared by L U C A S ? B R A V O (@lucasnbravo) on

Иако во оваа серија за прв пат Лукас го привлекува вниманието на публиката, сепак тој со глума се занимава уште од 2013 година.. Тој глумеше во француски серии и филмови како „Плус бел ла ви“, „Т.О.Ц.“ и „Паметен задник“.

 

Лукас Браво својата популарност ја доби на класичен холивудски начин – како келнер одејќи на аудиции со надеж дека ќе добие одлична можност. Пред неколку години, тој исто така работеше како готвач во јапонско-француски ресторан.

 

Кога првпат го добив сценариото за серијата, помислив. Ох, леле, ова е навистина вистинската работа за мене, призна Лукас во интервју Manny the Movie guy. Во серијата тој ги покажува своите вештини за готвење, а подготовката на омлет ќе ја воодушеви младата Емили во Париз.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close