Кафе муабет

За ќерката на Масимо Савиќ овие денови зборува целиот Балкан – таа е вистински ангел!

Неверојатен гест на една млада девојка

Мирна Савиќ, ќерката на Масимо Савиќ ги изненади сите со својот гест, па сега за неа зборува целиот регион.

Имено, Мирна пред вратата на Ученичкиот дом во Загреб однесе полна вреќа своја гардероба, која некому ќе му биде многу попотребна отколку на неа. На пораката се потпиша како Мирна, а штитеничките на домот од тогаш, веќе месец дена трагаат кој ја оставил облеката за да и се заблагодарат.

„Ја барам Мирна која пред отприлика месец и половина – два донирала облека во Ученичкиот дом Дора Пејачевиќ, а гардеробата заради корона остана во карантин неколку недели. Дел од донациите на Мирна им ги проследивме на настраданите од земјотресот во Горна Дубрава и Чучер, а она што не го знаевме е дека Мирна во секое капутче и сако ставила прекрасни мали пораки полни со љубов“, напиша работничка од споменатиот дом покрај фотографиите од пораките што ги оставила оваа девојка во секое парче од донираната облека.

„Браво! Успеа да го пронајдеш џебот. Ова го купив кога бев луда и млада и одев во клуб и мислев дека изгледам како да живеам во Лондон. Сега одам само да пазарам и шетам куче, па уживај ти во мојот капут“, пишува во една од пораките, пренесува „Глорија.хр“

Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ

Мирна која што ја бараа се јави брзо, а во прашање е блогерка и радио водителка Мирна Савиќ, ќерката на Масимо Савиќ.

Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ

„Моите пријатели веднаш сфатија дека станува збор за мене и горда сум на тоа, дека луѓето ме препознаваат по некои такви работи. Помина месец и половина откако ја донирав облеката и искрено, веќе заборавив. Мислев дека девојките што ја добиле облеката, ги виделе пораките и се насмеале“.

Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ

„Овие девојки го заслужуваат тоа“

„Најверојатно им беше драго и тоа им го разубави денот. Ни во сон не очекував дека реакцијата ќе биде ваква и дека ќе ме бараат. Кога пријателите ми јавија јас бев во продавница, го видов тоа на телефонот, и морав да се сокријам таму некаде зад кикиритките за никој да не ме види. Пуштив солзи таму, ме погодија“, изјави Мирна за споменатиот портал.

„Донирав 70 отсто од целосниот плакар. Имаше тука работи кои што ги обожавав, но проценив дека е време да одат понатаму – и тоа на девојки кои што го заслужуваат тоа. Ми дојде потреба повеќе да не ги чувам работите, да ги собирам непотребно, не сакав повеќе да чекам шест месеци некоја посебна пригода за да облечам нешто што се уште ја има етикетата. Си кажав нека оди тоа кај девојките што тоа го заслужуваат повеќе од мене. Ако сакам да купам нов капут, сигурно имам повеќе можности од нив“, беше искрена таа.

Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ

„Сакав некако да им дадам до знаење дека постои таму некаде некоја Мирна која сите нив би ги изгушкала“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ

Вработените во домот ја погледнале облеката и ја поделиле со учениците, а кога ги откриле прекрасните пораки, одлучија преку Фејбук да тргнат во потрага за Мирна за да и се заблагодарат на овој прекрасен гест во име на сите девојки од домот. Во прашање се ученички кои заради своето образование се одвоени од својот дом и кои учат во друг град, па дури и држава.

Ваквиот гест на Мирна Савиќ ги воодушеви сите, а посебно е значаен како инспирација, бидејќи она што за нас е малку, за некој значи многу. И навистина веруваме дека нејзиниот пример ќе го следат и другите, односно ќе размислат како и со што можат да им помогнат на другите.

Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ
Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ
Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ
Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ
Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ
Фото: Инстаграм/ Мирна Савиќ
Извор: Глорија.хр

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close