Кафе муабет
За стан од 80 квадрати дадоа 160.000 евра: Ѕирнете во луксузниот дом на Луна Џогани и Марко- само за мебел одвоија 30.000 евра
Тие се среќни во своето гнездо...
Пејачката Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ се позната двојка која јавноста ја запозна во реалното шоу Задруга.
Иако многумина сметаа дека тоа е само уште една од оние минливи врски, сепак тие докажаа дека нивната љубов е голема и се венчаа кратко по учество во реално шоу, а со заработените пари купија скап имот.
Имено, Луна и Марко купиле стан од 80 квадрати на Бежанијска Коса, кој го зеле на заем и платиле 160.000 евра.
Иако се шпекулираше дека наводно нивните фанови собирале пари за да им купат стан на Марко и Луна сепак реалити ѕвездата откри дека тоа не е вистина.
Џогани сега на социјалната мрежа Тикток го покажа секое ќоше од нивното семејно гнездо и колку време и е потребно да го исчисти и среди за да биде сè совршено.
Познатата двојка вложи многу труд за уредување на станот и се погрижи се да биде луксузно и модерно, па за мебел беа издвоени над 30.000 евра.
Помислиле и на терасата која ја направиле вистинско катче за одмор, па мебелот го платиле 20.000 динари.
Станот има дневна соба во која доминира зелената боја, две бањи, соба за малата Миа, тераса и кујна во која Луна подготвува оброци, иако во една прилика изјави дека не ја бива многу за готвење.
За потсетување, цената на метар квадратен беше 2.000 евра. Пресметале дека многу заработуваат од YouTube и дека нема да имаат проблем да го вратат кредитот.
Парот има уште еден стан во Нов Белград, кој го изнајмуваат.
Тие се најплатените инфлуенсери
На приватен план минатата година остави болна трага во срцата на Марко Миљковиќ и Луна Џогани која ќе ја паметат по немилиот настан кога го загубија бебето.Но на професионален план, брачниот пар Луна Џогани и Марко Миљковиќ можат да се пофалат со голем успех.
Имено тие заработија вртоглави 100.000 евра во 2022 година од нивните два заеднички канали на Јутјуб.
Благодарение на оваа сума го соборија сопствениот рекорд од минатата година, со што ја задржаа и дополнително ја зацврстија позицијата на најплатени јутјубери во Србија.
Луна и Марко го отворија својот прв канал на YouTube на почетокот на август 2020 година, а досега имаат над 75 милиони прегледи, што е за 24 милиони повеќе прегледи од минатата година, кога имаа „само“ 51 милион прегледи.
Но, покрај овој канал, двајцата во меѓувреме создадоа уште еден заеднички канал на Јутјуб, на кој објавуваат пократки клипови, главно оние на кои е нивната ќерка.
И овде успеаја да привлечат голем број свои фанови, па на него веќе имаат над 25 милиони прегледи. Кога ќе се соберат бројките од овие два канали, таа достигнува дури 100 милиони прегледи. На овој начин тие оставија зад себе бројни други инфлуенсери, кои на оваа платформа имаа канали многу подолго време.
Како што е познато, заработката од YouTube во просек е од 800 до 1.000 евра за милион прегледи, а со едноставна пресметка се доаѓа до сумата од над 100.000 евра што Луна и Марко ја заработија во текот на минатата година, што автоматски ги смести на самиот врв по заработка.