Новости
ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денес се празнува заштитникот на децата- Ова треба да го прават сите мајки
Свети Сисој се смета за заштитник на децата...
Сисој Велики († 429) е христијански светец, испосник, следбеник на Антониј Велики. Поменот во Православната Црква се означува на 6 јули (според јулијанскиот календар), стои заведено на Википедиа.
Сисој е родум од Мисир (денешен Египет) и бил ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се населил на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Можел да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви.
Свети Сисој се подвизувал шеесет години во пустината и се смета дека бил како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнувале барајќи поука. Пред смртта лицето му заблескало како сонце. Монасите стоеле околу него и ѝ се восхитувале на оваа појава. А кога светителот ја испуштил душата, одајата се исполнила со прекрасно благоухание.
Се упокоил во длабока старост, во 429 година.
„Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“.
Според старите обичаи Свети Сисој е заштитник на децата. Се верува дека мајките седум дена пред овој празник треба да постат за да се причестат, за децата да бидат здрави и во животот да ги следи среќа.
Според преданијата, ако на овој ден врне, децата треба да ги пуштите надвор на дождот. Како што е запишано во некои преданија дождот на тој ден ја означува водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.
Постарите за овој светец велат дека е најголемиот прогонувач на сите ѓаволи кои ги напаѓаат децата.
На овој ден родителите слободно можат да ги остават децата надвор и навечер до подоцна бидејќи демоните ќе избегаат и ќе се сокријат.