Кафе муабет
За една година заштедила 28 илјади евра- ова се најдобри трикови кои ќе ви помогнат за да заштедите!
Кога станува збор за дополнителни работни места, Ребека советува тие да бидат „некои поедноставни работи како чување деца“...
Доколку го следите примерот на оваа девојка би успеале да заштедите пари и тоа за само една година.
Имено Ребека која има само 25 години, успеа да заштеди повеќе од 28.000 евра за една година, што и беа потребни како депозит за куќата од соништата. Таа вели дека не заработува многу пари од нејзиниот канал на Јутјуб на кој објавува видеа, но споделила со луѓето што ја следат како успеала да направи неверојатни заштеди.
„Ако можам јас секој може да заштеди“, им рече Ребека на своите следбеници во видеото, а потоа откри дека нејзините трикови за заштеда се практични, како да ставите ситни парички во касичка.
Ребека даде уште неколку совети.
„Ако имате шанса, преселете се кај вашите родители за да можете да одвоите повеќе пари на страна или да го продадете автомобилот ако не ви треба“, објаснува Ребека.
„Имав автомобил што навистина не ми требаше – го продадов за 2.300 евра и тоа беше почетокот на мојата заштеда.
Списокот совети за заштеда вклучува и дополнителна работа или, доколку се создадат можности, побарајте покачување на работното место. Имаше среќа затоа што побара покачување и го доби.
Кога станува збор за дополнителни работни места, Ребека советува тие да бидат „некои поедноставни работи како чување деца“.
Совет на Ребека е да ги замолите блиските луѓе за роденден да ви дадат пари наместо подароци.
И кога станува збор за шопинг, Ребека ве советува да заштедите пари со купување во продавници за половна облека или таканаречени Second Hand.
Плаќајте сè во готовина, а не со картичка, бидејќи на тој начин ќе бидете малку поштедливи, а пред да одите да купувате намирници, направете список со сè што ви треба, за да не дадете пари за работи што не ви се потребни.
На крајот, таа ве советува да бидете сигурни дека со ставање ситни парички во каса одлично се заштедува бидејќи таа и нејзиниот партнер така успеале да заштедат неверојатни 800 евра!