MAMA

За два часа соши повеќе од 50 маски, ова деветгодишно девојче скојдневно добива нарачки со различни дизајни

„Затоа, јас го ширам доброто во заедницата и ги охрабрувам луѓето да го сторат истото

Производот е важен, а бизнисот цвета во компанијата „Friendly Chupacabra Face Covering Company“, чиј деветгодишен директор Михаела Мунјан шиеше и донираше повеќе од 500 маски за здравствените работници, вработени во ресторани, членови на семејството и пријатели.

„Затоа, јас го ширам доброто во заедницата и ги охрабрувам луѓето да го сторат истото“, рече Михаела во телефонското интервју за „Вашингтон пост“.

Научи да шие како дел од дополнителните часови на кои присуствуваше минатата есен. Кога нејзиното училиште се затвори во март поради епидемија на коронавирусот, таа слушнала дека мајка и татко и зборуваат за недостаток на заштитна опрема во болниците.

„Мислам дека можам да направам маска“, рече Михаела.

Родителите започнаа да споделуваат фотографии од нејзините маски на нивните приватни профили на Фејсбук, а интересот почна да расте, така што тие брзо создадоа страница на Фејсбук.Михаела успеа да направи скоро 50 маски за два часа.

„Таа е навистина добра во тоа“, рече нејзината мајка Кристен. Маските на Михаела се во две големини, а повеќето нејзини клиенти се од Мичиген, иако нарачките доаѓаат и од Аризона и Тексас. Таа прави маски според желбите на клиентите и вели дека најпопуларни кај децата се оние со шема на кучиња од Паф патрол, Фрозен и Хари Потер.

Научниците од Универзитетот во Хонгконг објави дека носењето маски во значајна обем го намалува пренесувањето на коронавирусот, што е веќе познато, но ова прво големо истражување тоа и го потврди.

На чело на истражувањето беше професорот Јен Квок-јунг, а тестовите се спроведени врз хрчаци.

Научниците ставиле кафез со претходно заразени хрчаци во близина на кафезот со оние здравите. Меѓу овие два кафези се ставени хируршки маски покрај протокот на воздух од загадените кон здравите хрчаци.

Резултатите биле изненадувачки – преносот на вирусот бил намален за повеќе од 60 отсто тогаш кога меѓу кафезите постоела маска. Од друга страна две третини од здравите хрчаци се заразени недела дена откако се отстранети маските.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close