Кафе муабет

Зарем е можно ова во 21 век? Наставничка доби отказ бидејќи била бремена!

Викторија Криситело веќе седум години е на суд со училиштето од каде тврдат дека нејзиното отпуштање не било дискриминаторско...

Оваа вистинита случка ја сподели Викторија Криситело, наставничка во католичко училиште.

Имено таа е од Њу Џерси и работела во училиштето се додека еден ден не добила отказ и тоа затоа што била бремена и немажена.

foto ilustracija

Викторија Криситело веќе седум години е на суд со училиштето од каде тврдат дека нејзиното отпуштање не било дискриминаторско, пишува Језабел.

Учителката по ликовна уметност беше отпуштена во 2014 година, кога на училиште дознаа дека ќе има дете. Римокатоличка калуѓерка која беше директор отворено и рече дека е отпуштена затоа што е „невенчана и бремена“.

foto ilustracija

Адвокатот на Криситело, Томас А. Мекини, сепак, рече дека се работи за родова дискриминација и сек-суални двојни аршини и права од Првиот амандман, објави „Њујорк тајмс“.

Мекини исто така рече дека училиштето не се обидело да види дали има вработени мажи кои се впуштаат во предбрачен се-кс и дека единствениот доказ за тоа со Криситело е нејзината бременост. Тој тврди дека под тие околности само жените можат да бидат казнети.

foto ilustracija

„Ако некого казниш што направил такво нешто“, тоа треба да биде рамноправно за сите, вели адвокатот за весникот.

Криситело ја крсти својата ќерка во католичка црква и адвокатот истакна дека на нивната тужба не гледа како „напад врз Католичката црква“.

(CNS photo/Gregory A. Shemitz)

Криситело го тужеше училиштето, но откако апелациониот суд двапати застана на нејзина страна, Врховниот суд интервенираше во име на училиштето и се согласи да ги сослуша двете страни.

foto ilustracija

Училиштето тврди дека отпуштањето не било дискриминаторско затоа што тие ја користеле својата „слобода на вероисповед“, додека адвокатите на училиштето велат дека „вонбрачниот се-кс го нарушува основното католичко верување кое во овој случај не може да го игнорираат“.

foto profimedia

Училиштето исто така тврди дека разрешувањето на наставник е законско според одлуката на Врховниот суд во 2020 година, со која се утврди дека федералните закони за дискриминација при вработувањето не важат за наставниците во верските училишта.

„Сек-сот надвор од брак го нарушува основното католичко верување и училиштето во овој случај смета дека не може да го занемари“, напишаа адвокатите на Света Тереза во своето барање до државниот Врховен суд.

Судот сè уште не одреди датум за сослушување на сведочењето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close