Кафе муабет
Заработи вртоглава сума пари за само една година: На Вики и цвета бизнисот, продава станови на најелитните места во Америка
Пејачката има добра заработка...
Додека нејзините колеги се обидуваат да се опорават од финансиските загуби поради пандемијата, членката на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ Вики Миљковиќ го прошири својот бизнис со недвижнини на светскиот пазар.
Според изворите, многу богаташи ја ангажирале нејзината компанија, па пејачката и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ задоволно ги тријат рацете.
Познавачите на бизнисот на оваа естрадна двојка велат дека за помалку од една година заработиле околу три милиони евра, од недвижен имот.
Освен што продава станови на ексклузивни локации во Белград, Вики веќе неколку месеци работи и во САД, Карибите и Дубаи. Но, Миљковиќ не продава само луксузни станови, туку и вили, а тоа е посочено на веб-страницата на нејзината компанија.
Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес се првите градови во кои оние со длабок џеб можат да купат стан или куќа преку фирмата во сопственост на пејачката и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташко. Вики, инаку, не е сопственик на сите тие имоти, како што многумина мислат, но има договор со нивните вистински сопственици за посредување во продажбата, па врз основа на тоа таа и Ташко земаат процент од околу три проценти, велат извори блиски до парот.
Луксузните апартмани и вили што ги нуди нејзината компанија се наоѓаат на ексклузивни локации низ Америка. Така, цената на стан од 69 квадрати во Лос Анџелес на Бродвеј изнесува дури 555.000 долари, што значи дека е потребно да се издвојат околу 8.000 долари за метар квадратен. Малку поголем стан од 84 метри квадратни чини 719.000 долари, додека најскапата недвижност е онаа на Оушн авенијата – за него треба да се издвојат 1.500.000 долари. Секако, сите придружни елементи се плаќаат посебно, па цената на паркинг место во Чикаго се проценува на 50.000 долари. Покрај учеството во посредување при продажбата, компанијата за недвижности на Виолета опремува со мебел и сите други детали по желба на купувачот, така што ова за неа е дополнителен вид на приход.
Вики еднаш изјави дека започнала бизнис во Дубаи, каде што има свои агенти. Според медиумите, таа потпишала договор за посредување во продажбата со сопственикот на два стана во највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, па тие имоти ги нуди и нејзината компанија. Беше објавено и дека кумата на Виолета Цеца Ражнатовиќ е заинтересирана да купи трособен стан во емиратите и дека тоа ќе го направи преку Миљковиќ.
Да потсетиме, Вики и нејзиниот сопруг Ташко неодамна за прв пат добија престижна награда во областа на недвижностите. Тие беа прогласени за најдобри продавачи на недвижности во Белград на вода, па нивната компанија доби големо признание и препораки за понатамошна работа. Вики има развиено бизнис, а меѓу нејзините клиенти, покрај Цеца, се и други нејзини колеги, па ја опремува вилата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Саша Поповиќ и други.
Таа му е втора сопруга
Вики е во брак со Драган Ташковиќ со кого го има синот Андреј. Имено колку што е познато во јавноста на почетокот на нивната врска се противеле нејзините родители затоа што тој веќе имаше еден брак пред Вики.
Сепак, тие се венчаа и го добија синот Андреј а Вики постојано истакнуваше дека мајчинството за неа е најубавата улога.
Ќерката на Драган Ташковиќ Ташко од првиот брак, Јелена со години живее во Германија, каде минатата година основа и свое семејство.
Како што на неколку наврати изјавил нејзиниот татко за медиумите, со семејството во Германија, неговата гордост која по професија е економист, отворила етно ресторан, во кој се служат српски специјалитети.
Ташко откри и дека Вики му била поддршка, кога ја советувал и упатил Јелена да ги заврши студиите:
– Јелена уште од детството покажа дека е талентиран музичар, свиреше на хармоника и пијано, но реши да оди на Економски факултет. Желбата моја и на Виолета беше да го заврши факултетот и многу сум среќен што не послуша – изјави тој за медиумите.
Иако подолго време живее во странство, Јелена често ги посетува татко и и брат, а со маќеата Вики има прекрасен однос. За нив две „животот со маќеа не е лесен“ е само клише, а Вики никогаш не криела дека ќерката на Драган Ташковиќ, и е најголема помош кога станува збор за образованието на синот Андреј.
Вики никогаш не се двоумела да каже дека Јелена за неа е посебна:
– Јелена е прекрасна личност, полна со самодоверба, успешна и исклучително љубезна и драга – истакна во една прилика.