Дом и семејство
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ: Тања Савиќ замина на одмор- еве во чија прегратка ужива сега пејачката
Ужива заедно со синовите...
Пејачката Тања Савиќ конечно може да здивне откако помина низ агонија која и ја приреди нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Душан Јованчевиќ.
По тешката битка за старателство, компликациите околу враќањето на децата во Србија и периодот на приспособување, Тања решила да отпатува со синовите на краток одмор.
Имено, пејачката одмара со синовите на море, од каде речиси секојдневно ги информира своите следбеници за тоа како го поминува времето и во каков луксуз ужива.
Покрај луксузот кој ја опкружува, Тања се пофали и со својата фигура која ја доведе до совршенство, а нејзината фотографија во црн костим за капење за кратко време собра голем број лајкови и коментари.
Сепак, лавина од најискрени емоции предизвика фотографијата на Тања, на која пејачката силно ги прегрнува своите синови.
– Заедно сме посилни – напишала Тања под фотографијата со своите најмили.
Побарала помош од гатач…
Тања често посетува манастири и споделува фотографии секогаш кога оди во светилиште, меѓутоа пејачката неодамна посетила и еден гатач.
Според извор кој бил на лице место, Тања кај гатачот кој гледа на карти дошла со помлад маж и девојка. Таа во Краљево останала околу час и половина, а со насмевка ја напуштила куќата на гатачот.
„Тој човек има околу 70 години и гледа на карти, но ако сакате да го прашате конкретно за некоја личност, пожелно е да донесете слика или работи од личноста за која прашувате. Нема закажување термин, ниту има тарифа даваш колку пари мислиш дека треба. Се наоѓа во населба во Краљево, а куќата му е на ридски пат, подигната, не оградена и стара, неодамна бев кај него, земав другарка која дојде од Белград, четврток беше, отидовме многу рано за да ја избегнеме гужвата. Стоев пред куќата кога застана сива кола и видов две девојки и еден помлад маж. Дечкото ме праша дали тоа беше куќа на гатачот и јас потврдив дека внатре веќе има некој. Кога го свртев вниманието кон девојките видов дека една од нив е Тања Савиќ. Мислам дека веднаш сфати дека ја препознав, па таа го фати за рака и набрзина влезе во куќата.Таа носеше чанта и слика во раката, подоцна другарка која беше внатре ми кажа дека тоа било слика од тој градоначалникот Драшко Станивуковиќ, веројатно прашала што ќе биде со него“, вели изворот и додава:
“Тања остана околу час и половина, си замина со насмевка, па верувам дека и се допадна се што и кажа јасновидецот. Тој навистина не греши и многу луѓе го посетуваат. Тања не е првата позната личност која отишла кај него. Носеше и некоја ќеса со амајлии, веројатно за љубов, пари, здравје, полна беше ќесата“, заклучува изворот.