Кафе муабет

Заедно се 17 години, таа му е најголема поддршка: Новак Ѓоковиќ откри како Јелена успеала да го освои!

Вели дека е многу среќен што се запознале пред да стане познат...

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ пред неколку дена го слави својот 35-ти роденден.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Со тенис почнал да се занимава на четири години и во досегашната кариера има освоено 17 Грен слем турнири.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Роден е во Белград како најстар син на Црногорецот Срѓан Ѓоковиќ и мајката Дијана Загар, Хрватка од Винковци. Ги има помалите браќа Марко и Ѓорѓе кои исто така играат тенис.

фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ
фото инстаграм/Марко Ѓоковиќ

Низ сите спортски успеси, Новак е придружуван од сопругата Јелена Ѓоковиќ (35) со која е од тинејџерските години.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Тие се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Јелена не е во добри односи со свекрвата…

По триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ реши да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено, Новак Ѓоковиќ ја услови Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат – вели извор за „Стар“ и додава:

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Останува да видиме дали конечно ќе се реши конфликтот меѓу свекрвата и снаата и ќе го растерети тенискиот ас.

фото профимедиа

Мајката на Ноле, Дијана не ни можела да замисли дека нејзиниот син ќе се ожени со девојка која ја запознал кога бил тинејџер, пренесува b92.net.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

„Како млад човек кој игра тенис, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запозна девојка која беше одбојкарка од Краљево. Тие беа деца. Подоцна ја запозна и Јелена , кога имаа 18 години. Не мислев дека ќе се венчаат. Но тој го поби моето мислење и се ожени со Јелена“, изјави Дијана Ѓоковиќ во една прилика.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close