Кафе муабет
„Животот би го дала за него”: Карлеуша прозборе за бракот со Душко, откри детали кои никој не ги знаеше!
Поентата е да прифатиш некого и да сакаш некого со сите тие маани....
Оваа година Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одбележаа 15 години врска, од кои 13 години брак.
Како што истакна поп-sвездата во интервју за Story тие повеќе не прават големи прослави по тој повод, а потоа на свој начин објасни што е тоа „рецепт за среќен брак“.
– Душко и јас сме заедно 15 години. Ние веќе престанавме да го славиме тој ден затоа што, по 15 години, некако станува нешто што не се слави. Како роденден, кога имате над 40 години. Мислам дека кога станува збор за Душко, дека тој најмногу ме сака без шминка, без никакви додатоци што ја валкаат маицата, кошулата, лицето, навлаката за перници … туку , кога сум јас, и тоа е најважно за една жена, дека мажот кој те сака, те сака таква каква што си навистина. Затоа што ова, ова не сум јас, ова е мојата работа. Во приватни и деловни активности, јас воопшто не сум иста личност – истакна Карлеуша.
-Никој не е совршен, нема совршен. Не сум совршена. Сите имаме недостатоци, а јас имам најмногу. Поентата е да прифатиш некого и да сакаш некого со сите тие маани. Ако го барате идеалот, тешко е да се најде. Ако премногу филозофирате, ќе останете сами. Треба само да пронајдете рамнотежа, така што добрите работи ќе бидат поизразени од лошите, и поработете на тоа со комуникација. Понекогаш недостатоците можат да бидат многу интересни. Моите се многу за*бани … – рече таа.
На прашањето да одвои еден од недостатоците кај неа кои се привлечни таа одговори:
– На пример, знам да бидам многу разгалена … Мажите генерално преферираат разгалени наместо оние кои самите го носат целиот товар. Знам да бидам принцеза, колку и да го нервира тоа Душко, но тој е исто така многу убав и смешен.
На прашањето за рецептот за среќен и долготраен брак, Јелена истакна дека никој не може да ги раздели оние кои се родени еден за друг.
– Кога луѓето се тука во добро и во лошо, кога сакате да го дадете својот живот за некого, тогаш тоа е вистинската работа. Оној за кого мечтаеш на Инстаграм, за него не сакаш да го дадеш животот. Можеби ќе му дадете нешто, но не сè. А сепак Душко е некој за кого би го дала животот – истакна Карлеуша.
Иако веќе некое време кружат приказни дека Јелена и Душко Тошиќ имаат проблеми во бракот, сепак се чини дека не е така.
Парот го докажа тоа откако на 7 јули Душко беше на настапот на Јелена на белградски сплав, па така уште еднаш ги отстрани сомнежите дека нешто не е во ред меѓу нив.
Јелена Карлеуша долги години е присутна на јавната сцена и во една прилика истакна дека не сака многу да излегува.
Таа претпочита да го поминува своето време во својот дом, што го уредила по нејзин вкус. Кога времето е убаво, пејачката ужива да биде во семејниот простран двор, кој е опкружен со дрвја.
Јелена еднаш раскажа како функционира во заеднички простор со сопругот Душко.
-Посебни бањи и тоалети, колку што е можно повеќе да се одделите од брачниот другар, така што тогаш ќе започнете да си недостгате. Одделни паричници и што е најважно, како глазура на тортата – љубов – рече Јелена во една прилика во „Ексклузив“.
-За него во една прилика истакна дека е најчесниот човек кој го познава и дека одредени личности сакаат да му го оцрнат образот со сите афери кои се објавуваат во медиумите.
Живели за добриот, искрен, непокварен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за одличниот спортист. Живели со човекот кој никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил. НИКОЈ. НИКОГАШ. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади од таблоидите. ПОРАДИ МЕНЕ. Поточно поради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ТЕ ИЗВАЛКА ДУШКО, нема такво ѓубре, лоши намери, лаги што можат да го уништат добриот човек и неговото семејство. Неизмерно ми е жал што баграта го спомнува твоето име … тие ќе мораат да клекнат на колена бидејќи се недостојни, напиша во една прилика Карлеуша.
Инаку Јелена и Душко ги имаат ќерките Атина и Ника кои се вистински галенички на мама и тато.