Дом и семејство
ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ОВОЈ ТАТКО ЌЕ ВЕ РАЗНЕЖНИ: Има три деца, самиот се грижи за нив а открива и како му успева!
Животот на Ролон му го подарил она што најмногу го посакувал
„Од осамен човек станав некој што има прекрасно семејство полно со љубов“, вака ја започнува својата приказна 44 годишниот татко геј, Хосе Ролон.
Тој не верувал дека некогаш ќе биде татко, а со тоа и дека ќе му се оствари најголемата желба во животот. Имено Ролон бил во брак со неговиот партнер Тим Мерел кој во 2013 година, поч инал додека спиел.
Тие тогаш го имале само синот Ејвери кој бил новороденче, а сурогат мајката била во 11-та недела од бременоста со ќерките Лила и Лондон.
Тој во интервју за Today, ја раскажа својата животна приказна и признава дека во текот на неговиот живот и детството се соочувал со многу непријатни моменти.
Најпрво неговиот татко постојано му велел дека треба да се однесува и оди како маж а не како девојче.
„Јас пораснав во конзервативно семејство, каде што татко ми постојано ми викаше дека морам да одам како човек, а не како пе**р“, истакна Ролон.
Ролон инаку е планер на венчавки во Њујорк, кој е доста успешен во својата професија. Тој сега живее со Ејверин кој има 7 години, и ќерќите Лила и Лондон, а не испушта момент да не сподели видео или фотографија со нив на социјалните мрежи, а моментално има 174.000 следбеници на „ТикТок“.
Хосе Ролон, во интервјуто се обрати до ЛГБТ заедницата велејќи да не губат надеж и да го остварат својот сон.
Иако по см ртта на неговиот партнер Ролон стравувал дека нема да може да воспитува три деца без поддршка од Тим, сепак вели дека добро се снаоѓа.
“Мојот сопруг и јас бевме одлична екипа. Не можев да замислам да го сторам тоа без него”, призна Ролон. “Но, кога се разбудив на денот на пог ребот на Тим, помислив:” Ејвери само што го изгуби татко си. Што ако и мене нешто ми се случи?‘ Не сакав да го оставам сам на овој свет. И од тогаш знам што треба да правам, да се грижам за децата и да им ја давам мојата безусловна љубов.
Веста дека нивното семејство ќе стане побогато за уште два члена Ролон ја соопштил на денот на пог ребот кога го одржувал погребниот говор пред 400 присутни.
“Тоа беше мојот повик за љубов и молитвљ. И оттогаш сите ме поддржуваат. Навистина ми треба поддршката за да ги воспитам своите деца, вели Ролон.
Според она што го објавува на социјалните мрежи може да се забележи дека одлично се снаоѓа во улогата на самохран татко.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Хосе и неговите деца.