Кафе муабет

Жељко и Милица Митровиќ градат династија: Овој замок е архитектонско чудо вредно милиони евра- ѕирнете во новата семејна оаза

Градат нов дом...

Жељко Митровиќ важи за еден од најмоќните луѓе на Балканот.

Фото: Инстаграм/ Жељко Митровиќ

Сопственикот на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ и неговата сопруга Милица градат замок на Дедиње, кој ќе биде ново семејно гнездо.

Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke
Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke
Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke
Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke

Архитектонското чудо, како што го нарекуваат, се наоѓа во елитниот дел на Белград на улицата Ужичка, а се проценува дека ќе вреди неколку милиони евра.

Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke

Милица и Жељко ангажираа цел тим архитекти кои работат на проектот на нивниот дом кој ќе биде изграден во стилот на неокласицизмот.

Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke

Високите тавани и многу светла ќе ја красат оваа прекрасна зграда. Според проектот, на сончевата страна од дворот ќе биде лоциран и базен. Бања и теретана ќе бидат составен дел од нивниот нов дом како и сала со проектор налик на кино.

Принтскрин./Инстаграм/showbizz_fotke

Судејќи според фотографиите, масивните симетрични фасади не се единствениот елемент кој го привлекува вниманието на минувачите, туку и фактот дека базените ќе бидат сместени на покривите, темелот на оваа зграда е заснован на „златниот пресек“ и акцентот на вилата е на еднакви димензии, што ќе направи една општа хармонија, објави српски Телеграф.

Фото: Инстаграм/ Жељко Митровиќ

За потсетување, пред да биде со Милица, Жељко беше во брак со Соња со кого има две деца – ќерката Сандра и синот Александар.

Фото: Инстаграм/ Жељко Митровиќ

Во деведесеттите години сите ги знаеја хитовите на Соња Митровиќ Хани, која правеше дармар на југословенската сцена. Нејзините најголеми хитови постојано се пуштаа во најпопуларните дискотеки и на нив порасна цела една генерација. Иако Хани беше во можност да направи одлична музичка кариера, се повлече од сцената и денес ја нема речиси никаде, пишуваат српските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Жељко Митровиќ

Денес, таа е во одлични односи со поранешниот сопруг, но и со неговата втора сопруга Милица, со која Жељко има две ќерки – Кристина и Андреа.

Фото: Инстаграм/ Жељко Митровиќ

Таа зборуваше за нејзината кариера во претходните интервјуа, а еден дел од нив можете да прочитате продолжение.

„Додека пеев, никогаш не одев на турнеи што траеја по месец дена и се обидував во секој момент да бидам посветена на моите деца и од дома да не отсуствувам повеќе од три дена. Точно, додека се грижев за моите малечки, имав несебична помош од семејството на Жељко и од моето семејство, кои беа и секогаш се тука кога ми е потребно. Поддршката на семејството е најосновна и затоа отсекогаш сум го мразела терминот самохрана мајка“ – изјави Сандра Митровиќ Хани за нејзината кариера и бракот.

Фото: Инстаграм/ Жељко Митровиќ

 

Инаку со месеци главна тема во медиумите е ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина и нејзиниот партнер Илија.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Тој по потекло е од Украина, а медиумите почнаа да се интересираат за него посебно откако се дозна дека би можел да ја наследи империјата „Пинк“ бидејќи наскоро планира да ја ожени ќерката на Митровиќ.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Од фотографиите на Кристина можеме да видиме дека уживаат во неверојатен раскош, па многумина се прашуваат од каде му се парите на младото момче.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Тие се возат со приватни авиони, со хеликоптер одат на вечера и купуваат само од ексклузивни продавници на познати брендови.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Како што пишуваат медиумите, зетот на Жељко Митровиќ наводно е наследник на империја со ураниум и еден од најмладите милијардер на светот.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Оние што го познаваат младиот пар велат дека семејството на Илија е едно од најуспешните во трговија со ураниум, а покрај семејниот бизнис, Илија има и сопствен, кој што го води во Лондон и Обединетите Арапски Емирати.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Илија и Кристина се запознале за време на студиите во Англија, каде тој бил еден од најдобрите студенти.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

„Украинецот го обожава Жељко и одлично е упатен во секој негов проект. Го поддржува во неговите потфати, а и со идната баба Милица се согласува одлично“, вели за српскиот Курир извор близок до парот.

Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close