Кафе муабет

Жено гopиш, го топиш снегот- Карлеуша во брутално издание ги запали социјалните мрежи!

Пејачката се израдува на првиот снег...

Поп-дивата Јелена Карлеуша го искористи првиот снег за да го покаже својот зимски стајлинг.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Карлеуша во свој стил успеа повторно да ги собере сите погледи.

Облечена во црвена кратка јакна, кратко здолниште и црвени чизми, Карлеуша го искористи првиот снег за да покаже со какви атрибути располага.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена позираше во дворот на новата семејна вила на Дедиње, во идилична зимска атмосфера каде се е покриено со снег.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Врела крв – напиша Карлеуша во описот на објавата, а сподели и видео на кое се гледа како „се валка“ во снег додека лежи и позира.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Жешките кадри, кои секако загреаја многумина, никого не оставија рамнодушен, а предизвикаа лавина реакции кај придружниците на Јелена.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

„Снежна кралица“, „Подготовки пред концерт“, „Гориш“, „Само што не загреа сега“, „Б.мба!“, „Ова е зимска магија за мене“, „Гром“, „Ти го топиш снегот, гориш“, „Какви кадри, останав без текст“, се дел од коментарите, а секако имаше и смешни коментари како: „Чувај ги бубрезите жено“ или „Отидоа јајниците.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Инаку неодамна постарата ќерка на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ која ги следи стапките на нејзината славна мама, донесе важна одлука со која шокираше многумина.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Поп дивата истакна дека во ќерка си Атина не гледа конкуренција, згора на тоа, ако еден ден ја надмине вели, тоа би ја направило многу горда.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

-Тоа не може да ме плаши, може да ме направи само горда мајка – рече Јелена и откри еден неочекуван потег што неодамна го направила нејзината ќерка:

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

– Атина е мојот мал клон, но таа е многу срамежлива. Дури и ги избриша сите слики од Инстаграм, во таа фаза е. На прашањето дали би ја поддржала својата ќерка доколку сака да стане јавна личност на 15 години, Јелена Карлеуша спремно одговорила:

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

– Атина нема афинитет, ниту вроден талент за да биде пејачка. Не е некој што покажува склоност кон тоа. Но, таа е многу убава, згодна и висока. Зошто да не биде јавна личност во некоја друга форма – модел, ТВ лице… Но не сега, рано е. Мора да има најмалку 18 години за да прави што сака. Нема да кажам дека сум строга, но нема ни да попуштам.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Имено постарата наследничка на Карлеуша која сега има 12 години, привлекува големо внимание, а со секоја нова објава, оваа девојка предизвикува бура од коментари а воедно е заштитно лице на детски моден бренд.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close