Дом и семејство
ЖЕНИТЕ ПОЛУДЕА ПО НЕГО: Мили го покажа своето совршено тело- оваа фотографија направи хаос на Инстаграм!
Мускулест фраер...
И покрај сите турбуленции кои се случуваат за време на натпреварувањето на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Милиќ Мили секогаш успева да одвои време да се опушти и одмори.
Така сега тој објави фотографија на својот Инстаграм профил, а девојките целосно полудеа по него.
Имено, она што го привлече вниманието на сите е тоа што Мили се соблече, а речиси никогаш немавме можност да го видиме во вака опуштено издание.
Мили моментално е на Малдивите а објави неколку фотографии со кои покажа дека изгледа исклучително добро исполнет со позитивна енергија и подготвен за нови деловни победи, а со фотографиите предизвика бројни коментари воглавно пофалби.
Александар Милиќ Мили, кој е еден од омилените членови на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, композитор и фронтмен на групата „Милиграм“, вешто ја држи подалеку од очите на јавноста својата млада сопруга Нина, а навистина ретки се моментите кога објавува заедничка фотографија.
Тие се во брак веќе 16 години, а она што е интересно за нив е и тоа што Нина е помлада од Мили цена една деценија.
Таа е згодна русокоса која никого не остава рамнодушен со својот изглед, иако ретко ја гледаме на јавни настани.
Мили неодамна откри и детали од средбата со својата избраничка која ја запознал во 2004 година.
– Јас се дружев со пријателките на Нина, често излегуавме и година дена траеше тоа држење.
Јас дури направив песна на еден од нејзините пријатели. Во тоа време, Нина беше во Италија, каде што студираше.
По само шест месеци врска, Мили одлучил да ја запроси на прекрасен и невообичаен начин. Иако не е претерано романтичен, тој се обидел се да биде во најдобрар ред.
“Отидовме на шопинг, јас си купував нешто за себе, што и да избра таа и велев дека не и стои. Вечеравме во познат ресторан во вечерните часови.
Јас облеков сè што го купив, костум, вратоврска, и таа полуде затоа што не знаеше што да облече. Всушност месец дена пред тоа јас го нарачав прстенот, сè беше подготвено за таа ноќ. И шиев фустан за таа романтична ноќ, без да знае, откри Мили.
– Преку пријатели ја добив најубавата маса, што имавме неверојатна вечера. Кога дојде тој момент јас почнав да се потам.
Во еден момент клекнав на колено и ја запорсив. Се сеќавам дека почна да плаче, и цел ресторан се сврте и почна да аплаудира. Петнаесет минути го чекав нејзиниот одговор, со насмевка на лицето се присети славниот композитор.
„Предноста на нашиот брак е во тоа што, заради мојата работа, имаме прилика да си недостасуваме еден на друг. Монотоното секојдневие може да биде многу погубно за партнерскиот однос и од таа страна, умерената раздвоеност навистина е интересна. Тоа е позитивниот дел од мојата кариера, но многу е полошо кога сте премногу отсутни, а немате можност да поминете време со своето семејство, и тогаш нависитна ми е тешко“, изјави тој во една пригода за медиумите.
Инаку, Мили и Нина имаат две деца, ќерката Миа и синот Маркус, тие се многу посветени родители и често истакнуваат дека нивните наследници се на прво место.