Кафе муабет

Жените од Балканот лудуваа по него: Погледнете како изгледа денес заводникот Вилијам Леви!

Кубанецот буквално ја хипнотизираше публката со својата убавина...

Балканот го запозна Вилијам Леви како партнер на симпатичната Марисија од серијата „Триумф на Љубовта“.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Кубанецот буквално ја хипнотизираше публката со својата убавина.

Тој глумеше во видеото на светската поп sвезда Џенифер Лопез „Into you“, а подоцна се појави во Холивуд како актер во филмот „Зависник“. Тоа е еротска драма.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Вилијам Леви минатата година ја шокираше јавноста со бројните вонбрачни врски што се појавија, а се чини дека и неговите големи планови за кариера во Холивуд пропаднаа.

Роден е на 29-ти август 1980 во Хавана, Куба.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Вилијам Леви зад себе има огромен број на улоги во серии и филмови од шпанското говорно подрајче. Заводникот со своето извајано тело, чиј заштитен знак му се неодоливата насмевка и извајаните мускули и денес изгледа непроменето.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Но како што пренесуваа странските медиуми, тој од бројните улоги не успеа да собере доволно пригоди за да го покрие својот раскошен живот, па така во 2016 година му беа одземени скапите автомобили и луксузната куќа поради долговите што достигнаа дури милион долари.

Но тој истакна дека не сака да им се врати на шпанските серии, иако се шушка дека ќе мора да го направи тоа поради финансии.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви

„Не сакаше да глуми во теленовели. Ги сакаше холивудските филмови. Сериите ги смета за дамка во кариерата. Пред неколку години реши да се пробие во Холивуд, но сфати дека овој град е полн со згодни фраери како него. Играше во неколку проекти во кои помина незабележано“, изјави доброинформиран извор за него минатата година. Тој додаде дека Леви бил арогантен и сметал дека целиот свет е негови. Откако се прославил во Мексико дошол во Мајами и се расфрлал со парите што ги заработил, а и ги бирал улогите.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Интересно е и тоа што Леви и покрај трачевите за неговиот бурниот љубовен живот 15 години е во врска со актерката Елизабет Гутјерез. Медиумите не ретко го поврзуваа со различни колешки и убавици и го обвинуваа дека ја изневерува својата девојка, па дури се шушкаше дека и Џенифер Лопез наводно заради него се развела од Марк Ентони.

Сепак најголеми размери предизвика неговото неверство со актерката Жаклин Бракамонтес на која и ветил дека ќе ја остави Елизабет.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Жаклин за ова прозборе и во својот роман, истакнувајќи дека ја завршила врската кога дознал дека партнерката на Вилијам е бремена со второ дете, а тој потоа се обиде да ја демантира во медиумите, но никој не му поверува.

Кубанецот се најде во немилост и кога беше обвинет дека во хотелска соба завршил со малолетна девојка и дека ја присилил да имаат односи. Но и покрај тоа што обвинението беше повлечено, Леви никогаш не демантираше дека спиел со неа, туку само коментираше дека го излажала за годините.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Но и тоа не беше крај – Леви се најде во непријатна ситуација и во 2013 кога наводно заврши во прегратките на мис Мексико, Химена Наварет. Драматичната преписка на манекенката и официјалната девојка на Вилијам, Елизабет, заврши во весниците. Но интересно е тоа што таа му прости се, па парот се уште е заедно иако не се потпишале кај матичарот.

Меѓутоа партнерката со која беше од 2003 година и мајка на неговите две деца, година дена постарата актерка Елизабет Гутиерез, минатата година објави дека на нивната врска и дошол крајот и дека повеќе не може да се бори со прељубите на Вилијам.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви
Фото Инстаграм/Вилијам Леви

Како што наведуваат мексиканските медиуми, за крахот на долгогодишната врска пресудна била 28-годишната Барбара Лопез, инаку ќерка на телевизискиот продуент Рејналд Лопез, а еден извор рече дека Вилијам во една прилика се пофалил дека животната партнерка ја измамил со 80 жени.

Фото Инстаграм/Вилијам Леви

„Познат е како голем женкар, а имало и периоди кога спиел со три различни жени неделно. Сите колешки се обидувал да ги однесе во кревет, а бројни и го направиле тоа, но не и 40-годишната Жаклин Бракамонтес која му беше партнерка во теленовелата „Магична привлечност“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close