Кафе муабет
Жена ги шокираше сите: „Му дозволив на сопругот да се забавува со мојата мајка, зошто да не?!“
Иако девојчето изгледа навистина гордо на своето признание, а мајката и младиот човек се среќни, не требаше долго за негативните коментари да започнат да се собираат под објавата...
Секојдневно на Тик Ток сме сведоци на невообичаени приказни и признаниа. Видеа се појавуваат постојано на социјалната мрежа а многу од нив што ги оставаат останатите корисници во шок.
Луѓето на оваа платформа се брутално искрени и отворени, па ги споделуваат најинтимните детали од нивните животи, а истото го стори и девојка по име Мили пред неколку дена.
Иако девојчето изгледа навистина гордо на своето признание, а мајката и младиот човек се среќни, не требаше долго за негативните коментари да започнат да се собираат под објавата.
Додека некои ги плукаа, некои пишуваа дека се надеваат дека станува збор само за непријатна шега, пренесува The Sun.
На една од објавите, Мили прво се појавува сама и го поставува прашањето: „Дали знаете што правам за да го направам среќен мојот човек?”.
Потоа, таа ја врти камерата на страната каде што се гледаат нејзиниот партнер и нејзината мајка, па Мили додава:
“Го пуштив да се забавува со мајка ми. Да, јас сум таква сопруга”.
Бонус видео:
Оваа мајка е мета на критики порад признанието дека нејзиниот син готви за целото семејство!
Критиките произлегоа кога таа откри дека детето има само три години а веќе знае да готви. Многумина ја осудија за ваквиот начин на одгледување…
Лора е мајка која за кратко време стана вирален хит на социјалните мрежи, но поради негативните коментари и критиките од корисниците на ТикТок.
Имено таа на споменатата платформа споделила видео во кое открива дека го научила својот син сам да готви храна.
Лора вели дека започнала да го учи синот да готви кога тој имал една година или штом тој успеал да следи едноставни команди но дека презела многу мерки на претпазливост кога првпат го учела да готви.
– Кога се толку мали, треба да воспоставите средина, да подготвувате сè по делови и да користите предмети што може да ги носи мало дете – објаснува таа и исто така вели дека започнала со наједноставните задачи за подготовка за готвење, како што се истурање, мешање и подмачкување садови.
Нејзиниот син првично не користел ниту еден рецепт кој вклучува топлина, но наместо тоа, правеше смути.
„Пред да го допре шпоретот, се осигурав дека ја разбира опасноста што доаѓа од него. Правевме и тест со исклучен шпорет и се уверив дека тој знае како да ја допира рачката, а не садот. Ако тој го допреше садот, јас го коригирав – објасни таа.
Дури и кога шпоретот бил вклучен, Лора вели дека користела исклучително мала топлина и секогаш го надгледувала својот син. Сепак, многу родители и корисници на социјални мрежи не се согласуваат со нејзиниот метод.
– Ова е многу опасно. Не е ниту слатко ниту интересно – коментира еден корисник, додека еден корисник додава: – Не треба да сте близу до шпоретот на оваа возраст. Треба да играте готвење, но не близу оган.