Кафе муабет
“Жената не смее да дозволи да биде дебела, неуредна, неисчешлана”: ПОЗНАТАТА ВОДИТЕЛКА ГИ НАЛУТИ ФАНОВИТЕ
Предизвика лавина од коментари со својата објава...
Водителката Јована Јеремиќ знае како да крене прашина, а сега ги изненади и шокираше сите со новата изјава што ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Таа рече дека жените секогаш мора да се грижат за себе и не може да си дозволат да бидат неуредни.
Со оглед на тоа дека таа е јавна личност, посочува дека секојдневно се труди да изгледа убаво и уредно, но дека нејзиниот пример треба да го следат и останатите жени.
“Жената секогаш треба да изгледа како да ја гледаат 100 пара машки очи, во секое време. Недозволиво е да се биде дебела, неуредна, валкана, мрсна, запоставена, отечена, разбушавена, под изговор дека сите жени кои се во брак, семејни жени, мајки се такви. Еве јас сум пример за сето погоре што се однесува до функцијата и се обидувам да изгледам секој ден како да имам состанок со судбината на мојот живот. Се обидувам. ‘Еве контра-прашањето веднаш: „што ќе правиш кога ќе те напушти?“ .. „Животот е најубавата работа … кога ќе го живееш искрено“, напиша Јована.
Статусот предизвика стотици коментари на социјалните мрежи. Додека некои се согласуваа со неа, некои сметаа дека водителката претерува.