Кафе муабет

Жената во која сте мажи беа вљубени НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ: После долго време излезе во јавност

Славната актерка Мег Рајан изгледаше непрепознатливо окако во четвртокот се појави во јавност во Њујорк.

61-годишна актерка, која не била видена во јавност од ноември минатата година, покажа како изгледа сега додека го поддржуваше пријателот Мајкл Џеј Фокс на проекцијата за неговиот претстоен документарен филм, Still.

Мег, која постојано негира дека има направено било каква пластична операција или корекција, се пофали со сјајната и измазнеа кожа без брчки.

ФОТО: Принтскрин

На проекцијата, која се одржа во салата Алис Тали во Линколн Центарот, ѕвездата на „Sleepless In Seattle“ изгледаше расположено додека позираше за фоторепортери со нејзините пријатели, вклучувајќи ги Бил Мареј и Елвис Костело.

Се чини дека не вложила голем напор во изборот на гардероба, па се појави со црвена јакна и кафеави карирани панталони.

ФОТО: Принтскрин

По номинацијата за Златен глобус почнаа да кружат гласини ека актерката направила многу корекции на својот изглед.

Во 2016 година, пластичниот хирург Марк Јусеф го анализираше нејзиното лице за Холивуд Лајф и рече дека верува дека таа има „премногу“ промени.

„Најочигледното нешто што таа го направила е некаков вид на полнење или префрлање маснотии на нејзиниот образ“, рече тој.

„Дефинитивно е премногу затоа што јаболкото на образот и е преполно и преголемо. Кога таа се насмевнува, целиот тој филер се движи нагоре и прави нејзините очи да изгледаат помали“.

ФОТО: Принтскрин

Тој исто така посочи дека таа има направено операција на носот и има ботокс во устата. Врвот на носот сега ѝ е потесен од претходно.

„Операцијата која најдрастично го менува обликот на лицето е лифтинг. Изгледа дека Мег Рајан можеби имала таква операција“.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close