Кафе муабет
Емотивно обраќање на Северина што ќе ве pacплаче: Бoлката на мајката за своето дете е најголема!
На пејачката и е забрането да објавува фотографии со нејзиното дете...
Во трогателна порака на социјалната мрежа Инстаграм, Северина истакна колку е тешко да се поднесе загубата на старателство над дете.
Поминаа 20 месеци од донесувањето на пресудата, а пејачката може да го гледа својот наследник Александар само двапати неделно попладне и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер. Исто така, на пејачката и е забрането да објавува фотографии со нејзиното дете.
– Поминаа дваесет месеци откако мојот син беше протеран од неговиот дом, каде што живееше мирно седум и пол години … Без прашања, истиот ден … И бегалците се иселуваат со своите мајки … Во овие 30 години колку што пеам, луѓето со своите деца објавуваа повеќе фотографии отколку што објавив јас со моето дете. Не како Северина, туку како горда мајка. Тоа ми е забрането, затоа ви давам песна за жените и момчињата … Ви благодарам на сите за поддршката – напиша Северина.
Во пракса, малолетни деца во случај на развод припаѓаат на мајката, со исклучок на случаите кога мајката го остава старателството над таткото или поради лекување, издржување затворска казна, како и други причини, таа не е во можност да ги преземе грижа за детето. Во случајот на популарната хрватска пејачка, работите се поинакви. На Северина и беше одземено старателството поради однесувањето за време на судењето.
– Пресудата вели дека Северина е неспособна да биде старател, а мислењето на центарот за социјална работа е приложено како доказ. Таа била опомената за тоа што одбила да соработува со институциите – не присуствувала на сослушувања, не одговарала на повици од центарот за социјална работа, ги навредувала учесниците во процесот, како што е вработената во центарот нарекувајќи ја „крава“, таткото на детето „селанец“ и се расправаше со судиите – вели изворот.
– Беше земен во предвид и извештајот за занемарување и негирање на правата на детето поднесен од училиштето во кое се школувал нејзиниот син. Детето дојде на училиште само три пати за 46 дена, и за тоа време Северина не поднесе барање за организирање часови од дома. Како отежнувачка околност судијата го наведе непочитувањето и соработката со Поповиќ како еднаков старател, како и медиумското изложување на детето.
Адвокатот за медиумите изјави дека Северина е добра мајка. Мате Матиќ објасни зошто судот ја лишил пејачката од грижата за детето без никакви основи.
– Оваа одлука е срамна. Ништо вакво досега немам видено. Северина е добра мајка. Можеби ја преминала границата затоа што влегла во конфликт со вработена во центарот за социјална работа, затоа што сакала да го заштити своето дете. Но, ако тоа веќе се случило, тогаш таа работничка мораше да биде исклучена од процесот, бидејќи не може да дава препораки ако е во судир со една страна. Судиите знаеја за конфликтот, но сепак ја зедоа предвид препораката на центарот за социјална работа, која вели дека Северина не е соодветна да биде старател – вели тој.
Сите причини поради кои пејачката го изгуби старателството:
-одбивање да соработуваат со институции (не присуство на сослушувања, неодговарање на повици од центарот за социјална работа), навреда на учесниците во процесот, училиштето поднесе извештај за занемарување на правата на децата, непочитување и несоработка со Поповиќ како еднаков старател, медиумско изложување на детето.
За потсетување, Северина Којиќ го доби Александар од бракот со бизнисменот Милан Поповиќ.
Додека траеше целиот процес таа имаше поддршка од своето цело семејство.
Соседите кои што живееа во нејзина близина во Белград со воодушевување зборуваа за хрватската пејачка.
„Ја обожавам. Таа е природна, насмеана и се гледаше дека е среќна со синот. Трчаше по малиот низ тревата, си играа со топка, беше прекрасно да ги гледате. Малиот постојано се смееше, а мене се уште не ми е јасно како нејзиниот поранешен партнер можеше да и го одземе детето. Јас сум и мајка и баба и знам дека на детето местото му е покрај мајката“, изјави една сосетка на Кеба пред новинарите.
Соседите за Северина имаа само убави зборови.
„Ја следиме кариерата на Северина, уште од порано, но кога се омажи за малиот Кеба ме воодушеви. Тогаш видов дека нема предрасуди и дека нивната љубов нема ограничувања. Ја видов само еднаш во маалото и веднаш и побарав автограм. Немав кај мене мобилен за да се сликаме, а таа беше многу љубезна. На крај ме гушна, моето срце беше полно заради тоа“.
„На нејзиното лице се гледаше само добрина, немам сила да коментирам тоа што и го одземаа детето, веднаш се расплакувам“, истакна таа.
Инаку Северина и Игор Којиќ со кого се уште е во брак повеќе од една година не живеат заедно и немаат никаков контакт. Во медиумите на големо се пишува за нивниот развод но ниту еден од нив не ги потврди ваквите гласини.