Кафе муабет
Емотивна порака на сопругата на Маринко ќе ви го скрши срцето – Тоа е твојата сила, љубов моја!
Славица очајна по загубата на сопругот...
Славица Роквиќ, сопругата на неодамна починатиот пејач Маринко Роквиќ, на својот Инстаграм профил објави трогателна порака …
Легендарниот пејач почина на 6 ноември како последица на тешко боледување, а тагата на неговото семејство не стивнува.
Сопругата Славица не може да се помири со загубата на саканиот и постојано на Инстаграм објавува фотографии со кои дава до знаење колку и недостасува.
Така беше и сега. Таа посвети трогателна порака и расплака многумина.
„Не суди ми по изгледот, ти кој се осмелуваш да ме осудууваш. Не барајте влага во моето око бидејќи поради неговата проѕирност ќе стане невидлива за љубопитноста на вашите очи. Не обидувајте се да ја разберете мојата скриена тага затоа што доаѓа и си оди кога ќе и текне. Најчесто кога најмалку ја очекуваш. Прво се плашиш од нејзиното присуство, потоа одбивајќи се обидуваш да ја истресеш, да се ослободиш од неа, а потоа кога твојот поглед се среќава со нејзиниот ја прифаќаш како дел од себе „Тогаш повеќе не се занимаваш со неа, достоинствено ја носиш. Не, не е слабост, не пораз, туку сила што восхитува“, напиша сопругата на Маринко и додаде:
„Па, тоа е твојата сила што се обидов да ја преточам во зборови што ги зрачеше во твојата најтешка болка, љубов моја. Тоа е патот до благословот кој го остави аманет да го трасираме со крената глава колку и да боли.
„Драги мои, имам потреба да ви се заблагодарам. Ви благодарам за секоја молитва, порака, мисла за поддршка. За сета топлина на долгата прегратка. И овој пат ја оправдавте мојата вера во добрината, љубовта и луѓето“.
За потсетување, Славица и Маринко беа во брак 36 години, а тој за својата сопруга во едно интервју во 1994 година го кажа следново:
-Мајка ми на сите се фали со снаите Пауница и Голубица. Жената на брат ми ја нарекува голубица зашто убаво пее, а воодушевувајќи се на мојата Славица, гордо вели: „Гледај како ми шета по дома, како паун“. Секако, како и на секој маж, ми се допаѓа тоа што имам убава и негувана жена, која е и прекрасна сопруга, мајка и домаќинка – изјави Маринко во една прилика.