Дом и семејство
Емина Јаховиќ со емотивна порака му го честиташе роденденот на најважниот маж во нејзиниот живот: “Ти си мој благослов”
Синот славеше роденден...
Познатата пејачка Емина Јаховиќ, по разводот од Мустафа Сандал во 2018 година е сама и посветена на синовите Јаман и Јавуз.
Таа во неколку наврати посочи дека тие се центарот на нејзиниот свет и дека разводот им бил најтешкиот период, па поради тоа максимално се посвети на наследниците.
Емина претходно изјави дека по разводот таа ги превземала сите обврски околу децата, но тоа не ја спречило максимално да им се посвети.
Имено, Емина на Инстаграм објави фотографија од нејзиниот син Јавуз со роденденска торта.
-Среќен роденден Јавуско. Мојата безусловна љубов. Мојот син и мојот пријател. Господ да те благослови, напиша Емина во описот на фотографијата.
Иако јавноста мислеше дека Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал со кој се разведе пред речиси пет години ги средија односите меѓу нив и конечно не се во лоши односи сепак пејачката сега реши да прозбори и ја откри целата вистина.
Имено Мустафа заврши на суд поради тоа што не плаќаше алиментација а сега Емина откри дека таткото на нејзините синови Јаман и Јавуз се уште должи пари за алиментација.
Пејачката го обвини Мустафа дека не и плаќа редовно издршка. Од друга страна, тој прикажал доказ дека во последните пет години и платил 1,8 милиони турски лири.
„Тоа продолжува и ќе продолжи. Во мојот случај се работи само за принципот што мора да се почитува и одговорноста што мора да се преземе. „Адвокатите си ја вршат работата, јас не им се мешам“, рече Емина.
Како што тврди, турските медиуми не се објективни за овој случај.
„Скоро сите написи во весниците се секогаш на страната на мојот поранешен сопруг, случајно или намерно. Но, одамна престанав да се грижам. Едноставно тоа веќе не ме засега“, искрено призна Емина за „Стори“.
Пејачката додава дека нејзиниот поранешен сопруг измислува дека е во финансиски проблеми.
„Сè уште ни се суди и се надевам дека правдата ќе победи! Тој не е во никаква криза. Еве, ако еден ден има финансиски проблеми, ќе работам кај него бесплатно“, изјави во таа прилика Емина.
Мустафа минатата година се ожени со својата нова избраничка, русокосата Мелиса Сутсуруп, па сега Емина за прв пат јавно реши да прозбори како го доживеала целиот тој период и сите написи кои се појавија во врска со неа.
“Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Крив е Сатурн. Не значи дека никој не ми се додворува. Се случи на приватно поле мојот поранешен сопруг да се ожени, па јас мораше да бидам таа што ќе се посвети повеќе на децата.Навистина му посакувам многу среќа. Секогаш ќе биде мој пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забава децата ќе останеа запоставени. Кога ќе се заљубам знам да се лизнам малце па се контролирам. Сакам да им се посветам на децата. Останатото ќе си дојде природно.Чудно ми е што толку време траеше.Се надевам ќе најдам сродна душа“, заклучи таа во емисијата „Ексклузив“.