Кафе муабет
Емина Јаховиќ прозборе за новото момче: Ја изненади јавноста со оваа изјава- Дали е поубав од Мустафа?
Пејачката демантираше дека е во врска...
Пејачката Емина Јаховиќ се разведе од својот сопруг, познатиот турски пејач Мустафа Сандал а по разделбата следуваше тежок период за пејачката.
Поранешнинте сопружници стигнаа до суд поради тоа што наводно Мустафа не плаќал алиментација.
Таа во една прилика откри дека ужива во слободата а призна и дека на нејзините наследници им било тешко да го прифатат разводот на нивните родители.
– Не е лесно да се биде дете на разведени родители, тоа е судбината на моите синови, но јас ги воспитувам така што тие учат од тие понепријатни фази во животот. На крајот, колку и да е сурово, само ќе ги направи посилни. Сакам само моите деца да пораснат во добри, искрени, ментално здрави луѓе, со многу емпатија кон другите и храброст во животот, изјави таа за „Стори“.
-Слободата скоро ја запознав и морам да признаам дека таа нема цена. Долго време мислев дека врските љубомората и забраните се доказ за љубов. Сега сфаќам дека може вистински да те сака само некој кој ќе ти дозволи да леташ слободно, да се извишуваш и да уживаш гледајќи те во сета своја слава, а потоа секогаш му се враќаш уште позаљубена и поцелосна.
“Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Крив е Сатурн. Не значи дека никој не ми се додворува. Се случи на приватно поле мојот поранешен сопруг да се ожени, па јас мораше да бидам таа што ќе се посвети повеќе на децата.Навистина му посакувам многу среќа. Секогаш ќе биде мој пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забава децата ќе останеа запоставени. Кога ќе се заљубам знам да се лизнам малце па се контролирам. Сакам да им се посветам на децата. Останатото ќе си дојде природно.Чудно ми е што толку време траеше. Се надевам ќе најдам сродна душа“, заклучи таа во емисијата „Ексклузив“.
Вчера во медиумите пак одекна веста дека Емина е во врска со телевизискиот и театарски продуцент Љубомир Доронтиќ.
По фотографијата која ја објави медиумите веднаш излегоа со вест дека Емина и Љубомир се во врска, а потоа се огласи и самата пејачка.
-Не можеме да бидеме пријатели, зошто секоја жена и маж мора да бидат љубовници?, напиша Емина на својата Инста сторија.