Кафе муабет

Емина Јаховиќ гладува по 48 часа: Откри детали кои ги загрижија фановите!

Фановите загрижени за здравјето на пејачката...

Пејачката Емина Јаховиќ  е позната по витката линија, но за да ја одржи тежината и да го исчисти телото таа посегнала по методи кои многумина ги дочекале со осудување.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Имено, Емина Јаховиќ предизвика чудење кај многумина поради одлуката да не јаде.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Гладувам еднаш месечно. Ова го правам некое време. Не јадам точно 48 часа – признала Емина, пишува „Информер“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Пејачката објави на социјалните мрежи дека ги одбројува часовите до следниот оброк.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Точно 20 часа без храна. Еве одиме! – изјави Јаховиќ преку Инстаграм, а потоа додаде дека планира да продолжи во ист ритам уште 28 часа.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Овие диети кои се засноваат на два дена не внесување храна во организмот, не се од вчера, а служат за чистење на организмот од токсини, а добри се само ако човек се храни здраво, но се сомнева на некои полипи, здравствени проблеми кои човекот треба да се исчисти. Сепак, според нутриционистите, овој вид на гладување не е добар, бидејќи го успорува метаболизмот и носи само контра-ефект.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Емина е позната како некој кој води сметка за својот изглед. Иако е мајка на две деца таа секогаш успева да најде време и за себе, па затоа е и редовен посетител во теретана. Но кога е на ригорозна диета, таа го намалува и интензитетот на вежбање и напорните тренинзи.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Многу од фановите велат дека Емина знае и да претера кога станува збор за диетите. Имено на повеќето фотографии коментираат дека е на раб на анорексичност…

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Минатата година за македонскиот портал Убавина и Здравје, Емина проговори и откри како се решила да го започне бизнисот со шминки.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

-Искрено, тоа е дел од мојата природа и само се надоврзува на музиката! Двете работи се исклучително креативни и секогаш се водени од моите интензивни емоции и упорната интуиција. Уште од мала сонував да бидам шминкер. Моите родители, инаку доктори, не ја сакаа таа мојата страст и не ме охрабруваа, напротив. И покрај недостатокот на некоја примарна поддршка, бев сигурна дека еден ден во животот ќе создадам нешто убаво, во омилените бои и дека сепак ќе мирисам прекрасно!

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

-Сонував дека ќе бидам личноста која ќе може да им понуди на дамите еден вид извор на самодоверба и задоволство. Во текот на кариерата имав можност да ги пробам сите најдобри брендови на козметика на својата кожа и научив како да препознавам квалитет. Работев со најдобрите шминкери, а мојата желба беше да им покажам на жените дека не мора секогаш да одвојуваат голема сума на пари за квалитетен производ. Идејата на мојот бренд е да понудам луксузни и висококвалитетни парчиња шминка, кои траат долго и чија цена е достапна за секоја дама. Создадена од моите соништа како девојка, козметиката е многу повеќе моја креации отколку само претприемништво“, вели таа.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close