Кафе муабет
ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА ЕМОТИВНО ЗА РАЗВОДОТ: Животот оди напред, од минатото можеме само да учиме
Пејачката емотивно за разводот, семејството, хејт-коментарите...
Важи за една од најпопуларните, најубавите и најзгодните пејачки на македонската естрадна сцена.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Познатата македонка Елена Велевска која зад себе има импозантна кариера, многу хитови, настапи и концерти.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Со својот специфичен глас умее да направи ремек дело од секоја веселба, прослава и манифестација, каде и да се појави!
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Важи за негувана жена, која секогаш внимава на својот изглед и линија.
Голем дел од своето секојдневие го пренесува преку социјалните мрежи каде секогаш е достапна за своите фанови.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Инаку Велевска долги години беше во брак со својот поранешен сопруг Маријан со кој важеа за еден од најскладните парови.
Во своите интервјуа таа секогаш велеше дека токму Маријан ѝ е најголема поддршка во животот, па веста за крајот на нивната љубов ги изненади сите.
Таа во една телевизиска емисија откри дека причината за крајот на нивната љубов е насилството кое го трпела.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
„Да, бев жртва. Во нашиот случај не се работеше за прељуба, туку за семејно нacилство, како физичко, така и пcиxичко“, откри пејачката.
За Женски Магазин Велевска открива дека денес сепак е во коректни односи со поранешниот сопруг во интерес на децата.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Како што оди времето, секогаш гледаме да одиме напред, никако да не се вртиме назад, и тоа го применувам и дома со семејството, затоа што животот оди напред. Од минатото можеме само да учиме и да бидеме подобри секое утро“, раскажува Велелвска за Женски магазин
За разните хејт-коментари, за се’ она што се пишува во јавноста пејачката вели дека се труди децата да ги држи што подалеку.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
-Никому не му е лесно, но се трудиме. Јас гледам да ги држам што подалеку од читање коментари, без разлика дали се позитивни или негативни, сето тоа е за нивно добро и мислам дека многу не треба да обрнуваме внимание на тоа што се зборува, туку да гледаме на нашите дела. Делата зборуваат многу, и јас секогаш стојам зад нив, за нивно добро, и секогаш ќе бидам мајка којашто е борец за нив, и со и зад нив, како поддршка за сето она што ќе го одлучиме заедно“, потенцира Велевска за Женски магазин.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Пејачката откри дека за Нова Година заминува на турнеја во Америка, а за дочекот ќе биде во Детроид.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Фолк-пејачката е дел од 17-те уметници кои ја пеат „Insieme“, новата преработка на големиот евровизиски хит на Тото Кутуњо, со кој победи на „Евросонг“ во Загреб во 1990 година.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Во песната за „Insieme“, учествуваат и нејзиниот колега од фолк музиката Благоја Грујовски, актерот Адријан Азири, познат по улогата на Наим од серијата „Преспав“ и многу други јавни личности од естрадата.
Фото:Инстаграм/Елена Велевска
Фото:Инстаграм/Елена Велевска