Кафе муабет
Егоисти, заљубени во самите себе- ова се најлошите мажи според хороскопот!
Со нв залудно губите време...
Заедничката љубовна врска се заснова на компромис, взаемна љубов, поддршка, добра комункацја помеѓу партнерите, но доколку вашиот партнер не го даде својот удел во врската, тешко дека врската или бракот ќе бидат успешни.
Сите ние заслужуваме врски кои не исполнуваат, се здрави, возбудливи и ни помагаат да бидеме подобри. Не се задоволувајте со врска ако партнерот ве занемарува, не ви дава онолку колку што ви е потребно и треба се да направите сами.
Ова се хороскопски знаци кои се најлоши сопрузи и партнери…
Овен
Те гледа само кога му одговара. Сè додека ве избирате место каде да се релаксирате, правите резервации и тоа не му пречи на неговите планови, тој ќе поминува време со вас. Ако дојде подобра прилика Овенот, лесно исчезнува од вашиот живот како никогаш и да не бил таму. Тој е најважен за себе и секогаш се става себеси на прво место.
Овенот е отворен тип на маж и сака дружење и разговор и лесно може да му пријдете.Бидете нежни. Не му е потребен придружник сличен на него. Покажете во сето ова и малку женственост!
Во љубовта и во бизнисот вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Започнете да го освојувате со насмевка и со вашата интелигенција. Ако не ве води здрав разум и комуникативна природа, подобро повлечете се.
Тие сакаат жени полни со самодоверба.Тој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Колку и да изгледа отворено никогаш не сте сигурни што мисли, покрај својата имплусивност знае да биде многу внимателен, со оглед на тоа дека поседува јак одбрамбен механизам, повеќе на психолошки отколку на емотивен план.Најдобро се согласува со : Близнаци, Вага, Водолија, Лав и Стрелци.
Бик
Ако го поканите на некој настан како шоу, концерт или танц, тој ќе оди, но цело време ќе кука за тоа. Подоцна ќе се однесува како да ви направил услуга и ќе го користи тоа за да ве натера да ги правите работите што ги сака. Често неговото однесување ја наведува партнерката да се запраша дали можеби би си поминала подобро во друштво на пријателките па дури и да останела сама дома.
Тие се познати по својата бавност и промисленост поради кои никогаш не се откажуваат од својата цел, ниту од својата сакана. Иако тешко започнуваат и тргнуваат, кога еднаш ќе се одлучат, ништо нема да ги сопре. Секогаш можете да се потпрете на нив поради својата упорност, рационалност и стабилност.
Лав
Тој никогаш нема да биде првиот што ќе каже „те сакам“ и никогаш нема да започне љубовен разговор или да покаже наклонетост. Тој не сака да изгледа лошо, па ќе одговори кога ќе му кажете дека го сакате, но неговата љубов не е нешто што тој всушност ја чувствува длабоко. Ако никогаш не го спомнете зборот „љубов“, нема да го спомне ниту тој. Изгледа дека ја пропуштил лекцијата за давање и земање кога станува збор за интимност бидејќи воопшто не ги зема предвид вашите потреби.