Кафе муабет

Еве што претходело на раскинување на врската: Се огласи и таткото на Богдан, еве што откри за крајот на љубовта меѓу Цеца и неговиот син!

Ставија точка на љубовта...

Светлана Ражнатовиќ по нешто повеќе од една година ја прекина врската со Богдан Срејовиќ.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Како што пишуваат медиумите одлуката за раскинување била обострана, а поранешната двојка во оваа прилика дала кратка изјава:

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Очигледно кризата околу Цеца и Богдан следела пред пејачката да замине на Малдиви, па не е чудно што Срејовиќ не беше со пејачката на оваа егзотична дестинација.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Ражнатовиќ секојдневно со  своите следбеници „споделуваше“ разголени фотографии, а пред нејзиното пристигнување од „зимскиот одмор“, Богдан беше виден во „Театарот Звездара“, каде присуствуваше на концертот на Лена Ковачевиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Новинарите по повод раскинувањето на парот, го контактираа и таткото на Богдан, Милош Срејовиќ за да добијат некаква информација.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Како што ви кажав минатиот пат, неблагодарно е да се коментира сето тоа. Не се мешав во нивната врска, па нема ни во раскинувањето. Возрасни се ако тоа е нивна заедничка одлука, јас ја почитувам – изјави кратко поранешниот спортист.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Да потсетиме, Милош Срејовиќ за љубовта на Цеца и Богдан дозна од медиумите и истакна дека дотогаш не го видел својот син толку среќен и задоволен.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

– Неблагодарно е тоа да се коментира. Тие се возрасни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам, тие се среќни и задоволни. Тоа е заедничка приказна и не би се мешал понатаму. Морам да кажам дека Богдан не сум го слушнал или видел толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека се е во совршен ред – љубезно рече тогаш поранешниот атлетски шампион и додаде:

-Вчера од медиумите дознав дека мојот Богдан се забавува со Цеца. Не ми спомна претходно, кога последен пат се слушнавме, ми рече дека наскоро ќе се видиме и разговараме. Требаше да дојде дома за Божиќ, но донекаде беше спречен – завршил Срејовиќ со насмевка.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Инаку, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават точка на емотивната врска, по една година врска.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Иако се изгледаше идилично и дека Цеца си најде партнер „доживотно“, некои работи се променија и нивната љубов не опстана.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Нивното раскинување го потврди и самата таа, истакнувајќи дека ќе останат добри пријатели.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close