Кафе муабет
Еве што прави Емина по разводот од Мустафа и кратката врска со милијардерот
Привлекува внимание со своите фотографии...
Емина Јаховиќ важи за една од најубавите жени на овие простори а сега покажа и зошто е тоа така.
Пејачката секогаш изгледа убаво и привлечно, а доказ за тоа се фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил, каде добива низа комплименти.
Во духот на празничната атмосфера, оваа атрактивна пејачка позираше во разни модни парчиња и дефинитивно одржа лекција за гламур и елеганција по која многумина трагаат особено во овој празничен период.
Пејачката со овие фотографии инспирираше многу жени. Елегантна, префинета и сензуална, Емина е веќе подготвена да влијае во 2022 година.
Црвениот аутфит остави многумина без зборови. На оваа пејачка одлично и прилега бојата на љубовта и страста.
А покрај црвено, таа блесна и во тоалета со златни светки кои одлично и прилегаат на нејзиниот тен и коса.
За потсетување, Емина беше во брак со турскиот пејач Мустафа Сандал со кој има два сина Јаман и Јавуз.
Неодамна миленикот на женската публика, Мустафа Сандал се најде во центарот на вниманието откако Емина Јаховиќ откри дека била принудена да поднесе тужба против него поради неисполнување на обврските кон нивните синови.
Турската музичка sвезда сега има нова љубов и, откако се разведе од Емина, започна врска со 20- години помладата Мелиса. Иако не сака да зборува за својот приватен живот, Мустафа сега откри детали за себе.
– Што и да кажам, може погрешно да разберете. Така да, простете ми. Сепак, она што сакам да го истакнам е фактот дека Емина е мајка на моите деца, и јас многу ја почитувам. Што се однесува до синовите, јас сум секогаш тука за нив. Ги носам во училиште за сурфање, играме разни игри …
Поминуваме квалитетно време заедно. Се е како што треба да биде.
Тој за еден турски портал прозборе за врската со Мелиса, со која фоторепортерите го сликаа уште во 2019 година.
Некогаш важеше за женкар со репутација. Каква е ситуацијата сега?
– Кој? Јас не. Секогаш имав стабилни врски, можеби само се случи во некои да нема хармонична енергија. Сега сум многу среќен, во прекрасна врска со жената што ја сакам.
Дали сте маж за брак или маж за забава?
– Треба да ја прашате Мелиса, а не мене. Нашата врска се заснова на многу љубов, сочувство и почит. Навистина сме среќни.
Тој истакна дека и покрај тоа што Мелиса има 32 години и е речиси две децении помлада од него таа разлика не се забележува бидејќи како што посочи и двајцата се зрели личности и сериозни луѓе.
-Позитивната енергија што владее меѓу нас е поважна од се.