Кафе муабет

Еве што значи ако ви дојде Света Петка на сон – доаѓа само од две причин!

Покрај храмовите посветени на оваа светица често има и извори и се верува дека водата од овие извори е лековита...

Големата Света Петка, многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека таа особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците се молат на неа, особено жените, да им помогне во животните проблеми.

foto Glas Kotor Varosa

Покрај храмовите посветени на оваа светица често има и извори и се верува дека водата од овие извори е лековита.

Според популарното верување, Света Петка  на верниците често им се појавува во сон од две причини: да обезбеди утеха и да донесе добра вест или како еден вид предупредување за одредена грешка.

Според стариот обичај, оваа светица е почестена со молитва на празникот, се пали темјан и се избегнуваат тешки домашни работи.

foto radio kim

Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега, тие се наоѓаат во Романија, во градот Јаш.

Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што  притекнуваат со вера кон светителката.

Од соседна Србија пристигнуваат неколку сведоштва за моќта на Света Петка.

“Офицер на ЈНА и член на тогаш неприкосновената партија бил пронајден на колена на подот на белградска капела во карпата под sидовите на тврдината Калемегдан, посветена на Света Петка. Кога еден од верниците го прашал како тој, како воен човек, толку слободно ги изразува своите верски чувства и покрај тоа што Партијата му забрани да го стори тоа, тој одговорил: „Оваа црква ми го спаси животот“.
За време на Втората светска вој на, бев нападнат од германска патрола и ме бркаа полициски кучиња што ми беа зад петици. Спасот го побарав во оваа пештера – црква која во тоа време немаше ниту врата што може да ме заштити од кучињата. Трчајќи во црквата, очекував да влезат кучињата и да ме растргнат пред да пристигне патролата. Сепак, кучињата пристигнаа и лаеа, но не влегоа преку прагот.

foto Logicno,rs

Потоа пристигнаа полицајците и едниот влезе внатре со пиштол и батерија. Во тој момент, пред мене се појави жена во црно одело и стоејќи пред мене, ја рашири наметката за да ме покрие. Војникот со батеријата осветлуваше низ целата црква, но не ме виде. Бев невидлив за него! Војниците продолжиле понатаму, а жената во црно исчезнала. По два часа собрав храброст да ја напуштам капелата, не знаејќи дали моите гонители се во близина, незнаејќи дали непријателот е во близина, о знаев дека имам заштитничка која е со мене, па имав храброст.

Подоцна, дознав дека оваа црква е посветена на Света Петка. Погледнувајќи ја иконата, видов дека е облечена во црно и затоа ја препознав. Таа ми го спаси животот, па затоа доаѓам тука да и се заблагодарам “ раскажал војникот.

Како еден од поновите случаи, е оној за една млада студентка на Музичката академија во Србија, која била болна од леук-емија:

„По многу напори, лекарите рекле дека немаат што повеќе да направат. Потоа, од болка, родителите побрзале кај чудесниот лекар, моштите на преподобната мајка Параскева во градот Јаси, со силна вера, молитви и солзи, за да ја излечат нивната ќерка.

Foto: Profimedia

Два месеци свештениците од Храмот заедно со родителите и нивната ќерка се молеле на Бога и на Света Петка, за здравје. После ревносните молитви, девојчето било целосно излечено од леук емија, па сите лекари беа изненадени и следната година, таа се вратила на Академијата “.

Во спомен на Преподобната Параскева, Светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 /14 октомври и што во народот е познат како Петковден.

Оние кои го носат името според оваа светица Петко, Петкана, Параскева, Пенка на овој ден слават менден.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close