Кафе муабет

Еве со кого Душко ги поминува празниците додека Карлеуша ужива со ќерките во Дубаи

Душко е во семејниот дом на својата мајка...

Додека поп-дивата Јелена Карлеуша ужива со ќерките во Дубаи каде  ги помина и Велигденските празници, Душко Тошиќ го прослави Велигден далеку нив.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Иако секоја година како вистинска домаќинка, го украсуваше домот и фарбаше јајца, откако излегоа написите за нивниот развод, годинава Карлеуша реши да замине од семејниот дом и заедно со ќерките да ги помине празниците во топлиот Дубаи.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Се чини дека сега деновите на семејна хармонија се минато. Со оглед на тоа што Карлеуша годинава ги изостави фотографиите од украсениот дом, кој секогаш бил беспрекорно уреден.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Годинава секој тргна по својот пат, а Јелена и Душко најсреќниот празник го поминаа разделени.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Судејќи по една фотографија која залута на социјалните мрежи, Тошиќ го поминал Велигден со својата мајка во Орловат.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Пред почетокот на оваа година Карлеуша им откри на своите фанови дека не е разведена од Душко и се уште живеат под ист покрив.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Не сме разведени, се уште живееме во четири ѕида, а времето ќе покаже се повеќе од тоа. Во 2023 година би сакала Душко да го промени начинот на размислување, почитувајќи ја и сакајќи ја мајката на своите деца – признала ЈК и додала:

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Би го доживеала тоа како неуспех. Поради Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство во себе, откри Јелена.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Oдносот е специфичен, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина – рече Карлеуша.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close