Кафе муабет
Еве како ужива поранешната сопруга на Дарко Лазиќ во својата нова бременост
Го чека своето трето дете....
Бремената Ана Севиќ го напушти Белград и заедно со своето семејство замина во Тара да ужива во зимската магија и снегот.
Инаку, пејачката после две девојчиња сега чека момче. Првото дете го доби со пејачот Дарко Лазиќ, девојчето Лорена, а второто девојче со нејзиниот сегашен сопруг Данијел.
Тие најавија дека повторно ќе станат родители, но овој пат очекуваат момче.
– Снежни магии. Најубавата на светот – Тара, напиша Ана на Инстаграм, а сите се прашуваат како успева да изгледа толку добро.
Да потсетиме, Ана Севиќ ја има ќерката Лорена која ја доби од бракот со колегата Дарко Лазиќ. Таа се омажи за сегашниот сопруг минатата година и во декември минатата година ја добија ќерката Сена, а на крајот на март треба да им се придружи уште едно дете.
“Ана и Даниел очекуваат момче. Оваа вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба за машко дете во семејството. Не се старомодни, се работи за емоционална природа, “, истакна изворот и додаде:
“Даниел го загуби својот брат и веста дека Ана ќе роди син ги израдува сите, почнувајќи од неговиот татко до неговите баба и дедо. Сите едвај чекаат да се роди момчето и многу и помогаат на Ана да ја одгледа Сена, особено откако дозна дека повторно е бремена “.
Да потсетиме, Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, која ја доби од бракот со Дарко Лазиќ. Се омажи за нејзиниот сегашен сопруг минатата година, на тајна венчавка во село во близина на Шабац, а потоа отпатуваа на меден месец. Во декември минатата година, тие ја добија ќерката Сена, а на крајот на март, уште едно момче ќе се придружи на нивното семејство.
Направи тајна венчавка!
Пејачката Ана Севиќ и нејзиниот избраник Даниел Недељковиќ направија тајна венчавка за која избра мини венчаница, држејќи букет бели божури во раката, а Даниел се одлучи за елегантен костум и застана покрај неа.
Венчавката ја направија во кругот на семејството, со родителите на Даниел во селото Прово кај Шабац, без музика и сè беше тајно, а како истакна Ана за српски Телеграф немаше прослава, освен скромен ручек за најблиските.
Ова е втор брак на Ана, а од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена. Ана во едно неодамнешно интервју рече дека сака да има повеќе деца.
– Фала му на Бог што ми даде толку прекрасни и мирни деца. Двете се златни и немам никакви проблеми со нив. Јас едноставно можам да родам уште пет, само да бидат добри како моите ќерки. Даниел и јас разговаравме и двајцата сакаме големо семејство истакна неодамна Ана Севиќ.
Ана во една прилика истакна дека нејзиниот сегашен сопруг Даниел и помага во обврските околу децата и посочи дека е татко за пример.
„Лорена на својата сестричка и го даде името Сена, а Даниел е татко за пример. Тој е грижлив и многу ми помага, така што можам само да му се заблагодарам на Господ за сé.