Кафе муабет

ЕВЕ КАКО СЕ СОГЛАСУВААТ ЈАТРВИТЕ: Се шушкаше дека Јелена Ѓоковиќ не е воодушевена од новата снаа но ова е вистината

Запеаа заедно...

Односот помеѓу Јелена Ѓоковиќ и Сашка Веселинов на големо се коментира во медиумите, а снаите на семејството Ѓоковиќ ги здружија силите а тоа го покажаа на прославата по повод победата на Новак на Вимблдон.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм
фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено, Ѓоковиќ беше пречекан пред градското собрание а по церемонијата семејството и пријателите отидоа во ресторанот на познатиот пејач Саша Ковачевиќ каде продолжија со славењето.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Саша го затвори ресторанот токму за оваа прилика, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои јасно се гледа дека врската меѓу Јелена Ѓоковиќ и Сашка Веселинов не е ни најмалку затегната, како што се шпекулираше во медиумите.

фото принтскрин

Имајќи предвид дека тие две не се појавуваа заедно во јавноста и со оглед на тоа што се пишуваше дека сопругата на Новак не ја прифаќа Сашка, на прославата тие ги демантираа сите написи и се обидоа да прикажат вистинска семејна атмосфера.

фото принтскрин

По финалето на Вимблдон се појавија и гласини дека Јелена Ѓоковиќ ги средила односите со свекрвата, а сега на ред дојде идната снаа на Ѓоковиќ.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Јелена покажа дека нема ништо против избраничката на Ѓорѓе Ѓоковиќ и дека Сашка и е исклучително драга а сите присутни се воодушевија кога Јелена и Сашка се фатија за микрофонот и ги здружија силите за да го испеат големиот хит “To mi nije trebalo”. Посебно бил возбуден Ноле кој не крие дека му се многу важни семејните односи.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Да потсетиме, откако постигна огромен успех и го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се втурна во прегратките на сопругата со која токму на тој ден славеше годишнина од брак.

фото принтскрин

Фотографиите од нивниот страстен бакнеж ги обиколија светските медиуми, но она што на многумина им привлече поголемо внимание е врската помеѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ.

фото принтскрин

Имено, познато е дека врската меѓу снаата и свекрвата веќе некое време е затегната, а сега после долго време сите се фотографирани заедно.

фото Твитер

Срѓан и Дијана Ѓоковиќ не само што го бодреа својот син да освои уште еден Грен слем, туку и дадоа поддршка на Јелена.

фото Твитер

Се чини дека врската меѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ конечно се подобрува и дека и двете се трудат да го усреќат Новак, а дека работите се подобруваат докажува и искрената насмевка на Дијана Ѓоковиќ, која гордо ужива во љубовта на нејзиниот син кон Јелена.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Моментот кој го овековечија светските фотографи во Србија беше дочекан со восхит, бидејќи обожавателите на Новак Ѓоковиќ долго време навиваа за двете најважни жени во неговиот живот конечно да ги закопаат секирите и да се обединат за да му ја дадат најголемата поддршка.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close