Кафе муабет

Еве како се распадна бракот на една од најубавите водителки во регионот: За ова молчеше долги години- сега реши да признае се!

Сега ужива во врска со Бане Вучелиќ...

Водителката Марија Килибарда која важи за една од најубавите жени во регионот својата среќа ја пронајде со Бане Вучелиќ со кој е во хармонична врска две години и со кој планира да стапи во брак а исто како и првиот пат кога се венчаше далеку од очите на јавноста и го криеше својот избраник, таа сака и сега сето тоа да биде тајно.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Имено Марија не зборуваше многу за својот прв брак и не сакаше да го рекламира јавно својот тогашен сопруг.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Поранешниот сопруг на Марија Килибарда е познатиот кошаркар Владимир Радмановиќ, на кого таа му кажа „да“, но сепак годините поминати заедно не беа пресуден фактор за опстанок на овој брак.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Водителката и кошаркарот се венчаа во 2016 година, венчавката се одржа во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите. Марија не проговори јавно за својот брак, а причината е желбата на нејзиниот сопруг овој важен датум да не биде медиумски проследен.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Водителката решила да ја испочитува неговата желба, па во последен момент ги известила пријателите за денот на венчавката.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Двојката живееше на имотот Радмановиќ во Стари Бановац, далеку од градската гужва и по само една година заеднички живот, очигледно имало непремостливи разлики кои доведоа до пропаѓање на бракот.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Како и самата венчавка, така и бракот завршил во тајност, а главната причина за разделбата, според медиумите, е тоа што нивните планови за иднината драстично се разликувале.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Додека водителката како многу дружељубива и урбана жена со многу познаници е навикната на градски живот, патувања и дружење, поранешниот сопруг на Марија Килибарда сакал тие да живеат затскриено.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Разликата во карактерите беше главниот поттик за разделба, но сепак тие се разделија без тешки зборови.

фото Стори.рс

Убавата водителка не проговори јавно за причините за разводот, но во една прилика за Стори.рс истакна дека не и треба момче туку човек кој е партнер во вистинска смисла на зборот.

фото стори.рс

– Љубовта е суштина и основен предуслов за добра партнерска врска, но не е доволна за нејзино функционирање. Кога ќе слушнам дека „спротивните се привлекуваат“, веднаш помислувам – какви спротивности, сакам некој што е ист како мене – изјави водителката која не криеше дека разводот и бил тежок и дека се обратила на психотерапевт за помош.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

Марија сега ужива во врска со Бане, а пред извесно време истакна дека во него пронашла се што сонувала со години за она што треба според неа да поседува еден маж и дека освен партнер, покрај себе сега има и најдобар пријател, кој ја разбира, ја поддржува и целосно знае како да се справи со неа и ги знае сите нејзини маани а многумина сметаат дека нивната љубов мора да се круниса со брак.

ФОТО: Марија Килибарда / Инстаграм

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close