Кафе муабет

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ВИСТИНСКИ ГОСПОДИН: “Најзгодниот дедо” Џанлука Ваки повторно и покажа на својата свршеница колку ја сака!

Таа е пресреќна со него...

Џанлука Ваки важи за најзгодниот дедо во светот. Имено тој е многу популарен на социјалната мрежа Инстаграм каде го следат дури дваесет милиони луѓе, а сето тоа благодарение на неговите ексцентрични „аутфити“, заводливо танцување и фотографии од луксузни дестинации, кои невозможно е да не ги забележите.

фото инстаграм

Но сепак она што најмногу го одзема вниманието се фотографиите со две децении помладата Шерон, која неодамна му роди ќерка на која и го дадоа името Блу Јерусалема.

фото истаграм

Имено, атрактивната манекенка Шерон Фонсека го освои Џанлука пред три години и оттогаш, како што вели, ништо во неговиот живот не е исто.

Иако многумина беа против нивната љубов, поради разликата во годините, сепак Џанлука и Шерон секојдневно покажуваат колку се сакаат и дека нивната љубов е посилна од се.

фото инстаграм

Џанлука уште еднаш докажа колку ја сака својата принцеза. Тој приреди големо изненадување за дваесет и шестиот роденден на Шерон. Блиските пријатели и семејството беа таму, и сè беше украсено во розови тонови.

Не изостанаа ниту балоните, огнометот, па дури и неколку торти, а нејзините најголеми подароци беа Џанлука и Блу Јерусалема, кои го направија овој ден посебен.

фото инстаграм

Џанлука и посвети емотивна порака на својата сакана на „Инстаграм“, со цел да и го честита роденденот.

фото инстаграм

– Среќен роденден, љубов моја. Те запознав пред три години и десет дена и сè уште сум изненаден од благословот што ми го испрати Бог тој ден. Денес ја имаме Блу Јерусалема и во нашето семејство љубовта расте секој ден – напиша тој и додаде:

– Те сакам, моја кралице, денес повеќе од вчера, но помалку од утре. Твој, Џанлука.

фото инстаграм

Оваа романтична порака ја воодушеви јавноста, па фотографијата посветена на Шерон веќе има милион лајкови.

фото инстаграм

Со оваа постапка Џанлука уште еднаш покажа што значи да се биде вистински џентлмен, а Шерон безброј пати се заблагодари за својата среќа на социјалните мрежи.

фото инстаграм

 

Откри детали за болеста на ќеркичката!

 

фото инстаграм

Пред извесно време Џанлука за шпанското списание „Hello!“ искрено проговори за раѓањето на ќеркичката и откри дека таа всушност се родила со болест која ја има едно од седумстотини бебиња во светот.

фото инстаграм

Ексцентричниот милионер, кој привлече внимание со својот луксузен начин на живот и неговата свршеница, која е скоро две децении помлада, добија ќерка.

фото инстаграм

– Со многу љубов сакаме да ја споделиме приказната за раѓањето на нашата Блу Јерусалема. Пресреќни сме што конечно ја запознавте. Блу е родена со расцеп на непцето, а нашите срца беа со неа и другите семејства уште од првиот ден, кои се соочија со овој проблем. Станува збор за состојба со која се раѓа едно од седумстотини бебиња во светот – напиша грижливиот татко.

– Благословени сме што зад нас има одличен медицински тим кој ќе и обезбеди на нашата ќерка соодветна грижа и операција, што ќе и овозможи да живее сосема нормално. Сепак, многу семејства немаат толку среќа, па затоа решивме да ја прошириме свеста на луѓето на овој начин и да поддржиме фондации кои им помагаат на луѓето кои се соочуваат со истиот проблем.

фото инстаграм

Блу Јерусалема е слатко девојче, кое има неверојатна љубов и поддршка од нејзините родители, а нејзините татко и мајка ќе дадат се од себе за да создадат вистинска бајка од нејзиниот живот.

Заедничкото патување ќе го започне борејќи се за закрепнување, а потоа секој чекор во животот ќе го претвори во чекор кон среќата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close