Новости

Еве како изгледа животот на една позната мајка која има ќерка со Даунов синдром

Актерката прозборе за своите стравови

Познатата актерка Катерина Скорсоне која врвот на својата кариера го достигна во најпознатата докторска серија, „Вовед во анатомија“ за прв пат јавно проговоре за својата ќерќичка, тригодишната Пепа.

Имено актерката за која во мај медиумите на големо пишуваа за разводот со нејзиниот сопруг музичарот Роб Гилс, со кого беше во брак 10 години, сега прозборе за својата ќеркичка и за прв пат јавно посочи дека да се биде мајка на дете со Даунов синдром не е ни малку лесно, односно може да биде застрашувачко, и дека грижата за нејзината ќерка носи со себе голем број несигурности и стравови.

foto Instagram

Tаа во интервју за магазинот „Пипл“, на кој заедно со својата ќерќичка ја краси насловната страница, признава дека секојдневно размислува за животот и иднината на Пипа, која се роди во 2016 година.

foto Instagram

“Не знам со какви предизвици ќе се соочи на нејзиното патување. Не знам дали ќе најде работа што одговара на нејзините интереси и таленти. Не знам дали ќе најде партнер кој ќе ја разбира нејзината смисла за хумор и кој секој ден ќе го слави својот живот со мали и големи гестови за љубов. Но, тоа не го знам ниту за мојата друга ќерка “, објаснува актерката, зборувајќи за иднината.

foto Instagram

39- годишната актерка со музичарот Роб Гилс има три деца, осумгодишната ќерка Елиза, тригодишната  Пипа и синчето Арвен, кој се роди лани во декември.

Скорсон во интервјуто признава дека пред да ја роди Пипа, била премногу ислашена, но стравот исчезнал во моментот кога за прв пат го заспивала своето новороденче.

Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне

“Кога се роди ќерка ми Пипа, се исплашив. Не знаев ништо за трисомија 21, попознат како Даунов синдром”, вели Скорсоне. “Не знаев ништо. Сè што знаев за Дауновиот синдром е дека луѓето се плашат од тоа, па затоа мислев дека и јас треба, но сега излегува дека луѓето се плашат од многу работи од кои јас повеќе не се плашам. А најголемата од нив е љубовта”, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне

Скорсон признава дека секојдневно се прашува што ќе биде со иднината на нејзината Пипа, но вели секој момент го користи за да ја гледа како таа расте и се развива во мала прекрасна Пипа.

Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне

“Гледав како тоа мало бебе прераснува во мојата смешна, тврдоглава, убава мала Пипа и видов колку ми беше ограничен животот до тој момент. Колку беше мал и ограничен”, се сеќава таа.

Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне

Актерката секојдневно на Инстаграм објавува фотографии од преслатката ќеркичка.

Погледнете ја во продолжение малата Пипа која ќе ви го стопли срцето со нејзината преслатка насмевка.

Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне
Фото: Инстаграм/ Катерина Скорсоне

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close