Кафе муабет
ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС МИЛИОНЕРОТ ОД ПОР*О ФИЛМОТ НА СЕВЕРИНА: Се снимаше со пејачката за време на сe-кс, а еве каде е сега!
Таа се прослави со видеото...
Северина Вучковиќ веќе долги години е на музичката сцена, но она што малкумина знаат е како всушност се прослави и стана една од најбараните пејачки на Балканот.
Имено Севе ја прослави порно видео со бизнисменот Милан Лучиќ, објавено во 2004 година.
По се-кс скандалот, овој милионер извесно време се повлече од јавниот живот. Важеше за еден од најпосакуваните мажи.
Во моментот кога експлицитното видео стигна до медиумите, пејачката беше свршена со Среќко Варгек, со кого раскинаа неколку месеци подоцна.
Северина и Лучиќ врската ја започнале во 2000 година, а бизнисменот бил многу внимателен кон пејачката. Од него добивала скапи подароци, а пишувало дека добила дури и коњ кој подоцна го продала.
Медиумите пишуваа дека Лучиќ наводно ја изневерил со Северина својата бремена сопруга, која му простила и денес е во брак со него. Како што се пишуваше, двајцата раскинале откако сопругата на Лучиќ се породила и кога Северина сфатила дека тој нема да го напушти семејството.
Во 2017 година Лучиќ беше вмешан во уште еден скандал. Тој и уште неколку лица беа уапсени во акцијата на Ускок под сомнение дека преку проневера незаконски земале неколку милиони евра од фирми во стечај. Бизнисменот, како што наведуваат медиумите, ја доведе својата фирма во стечај, а стечајниот администратор со кој имал договор му овозможил преку друга фирма да извлече вреден недвижен имот од стечајната маса, веднаш да го продаде на малопродажен синџир и заработи сума од повеќе милиони долари.
Во средината на 2000-тите, Милан Лучиќ беше еден од најбогатите граѓани на Херцеговина. Вредноста на неговиот имот се проценува на повеќе од 600 милиони куни. Речиси немаше бизнис во кој не беше успешен. Нафта, осигурување, малопродажба, банкарство, недвижнини, производство на вино… Денес, сепак, неговата империја е сведена на остатоци, по кои копаат доверителите и австриските истражители.
Хрватската пејачка во едно интервју за „Х-алтер“ проговори и за порновидеото од 2004 година. Таа вели дека на почетокот на врската со Милан тој ја прашал за секс-снимката со бизнисменот Милан Лучиќ, но не како поддршка, туку навредливо. По ова, вели Северина, знаела дека врската со Поповиќ не е вистинската, но сепак останала со него.
„На почетокот на нашата врска една работа ми даде знак дека Милан не се грижи за мене. Тој ме праша колку ја наплатив се-кс-снимката. Срамота! Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со ова и сакам да им се извинам на децата и на сопругата на партнерот од тоа видео. Ова се единствените луѓе на кои треба да им се извинам. Интересно е што никој од 2004 година до денес не се загрижи за страдањата на овие деца, а одеднаш се многу заинтересирани за тоа како мојот син ќе реагира на снимката. Свесна сум дека тој ќе дознае за ова некогаш во животот и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакала да го чуе тоа од мене. Јас и денес мислам дека социјалните служби, судовите, психолозите и психијатрите вклучени во мојот случај ги зедоа предвид тоа видео и интересите на Милан, а не благосостојбата на детето“, рекла Северина.