Дом и семејство
Еве како изгледа Бојана Родиќ два дена по породувањето: Објави и прва фотографија од бебето- Вукан е копија на мама
Таа се чувствува одлично...
Бојана Шијан во понеделникот роди го роди вториот син на кого му го дадоа името Вукан, а гордиот тато Мирко Шијан веднаш ја сподели радосната вест и приреди голема прослава во вилата во Сурчин.
Малиот Вукан е најубавиот подарок за баба Гоца Божиновска која на роденденот го доби вториот внук па веднаш се пофали.
– Јас сум одлично, никогаш подобро и никогаш поубаво. На роденден добив внук, го добив најубавиот подарок што можеше да ми се случи – рече Гоца, а потоа откри како нејзината снаа Бојана се справила со породувањето:
– Снаата е супер. Мојот змеј! Се е во ред, таа се породи природно. Бебето е супер, супер е таа, се е десетка изјави Гоца.
Бидејќи породувањето помина добро, а мама Бојана и бебето се во одлична состојба, време беше да го напуштат родилиштето „Народни фронт“ и да се упатат во семејниот дом во Сурчин.
Мирко денеска околу 11 часот пристигнал во породилиште со другарите да ги земе синот и сопругата, носел облека за Бојана и транспортер за новороденчето, а радоста не можел да ја скрие.
– Се е супер, се е супер, едвај чекав да го видам бебето – рекол Мирко пред да влезе во „Народни фронт“.
По еден час Мирко од породилиште ги зема синот и сопругата, која со насмевка на лицето ги сподели првите впечатоци и откри на кого личи малиот Вукан.
– Добро сум благодарам. Вукан личи на мајка му – изјави Бојана.
Бојана беше лежерно облечена. Таа носеше долг црн капут, кој го искомбинира со црна чанта и темни очила, а судејќи по изгледот, никој не би ни погодил дека се породила пред само два дена.
Наскоро на Инстаграм се појавија првите фотографии од среќната мама со бебето од автомобил.