Кафе муабет
Еве како изгледаат и што прават денес Жаде и Лукас од омилената серија Клон која ја освои публиката!
Серијата која го освои Балканот...
Серијата „О клон“, или „Клон“, која кај нас беше преведена како „Забранета љубов“, пред околу 15 години беше хит во целиот свет, вклучително и во Македонија.
Приказната за млад човек кој бил тајно клониран од неговиот кум и кој се вљубува во убава Мароканка од строго семејство, ги држеше гледачите приковани за малите екрани.
Актерот Мурило Бенисио (49) ја играше главната машка улога во серијата, но и уште две, додека за неговата убавина на големо се зборуваше, па многу припаднички на понежниот пол полудеа по него.
Бразилскиот актер немавме можност да го видиме во проектите на кои работеше по горенаведените серии, бидејќи тие не се емитуваа кај нас, а евидентно е дека тој многу се промени во периодот по „Клон“ и негуваше сосема поинаква слика.
Мурило често експериментира со изгледот, па ретко кој би го препознал вака.
Проценете сами дали вака ви се допаѓа Лукас, од „Забранета љубов“.
Мурило има два сина и беше во брак со главната актерка од споменатата серија.
Животната приказна на Жаде!
Во главната улога убавата Жаде ја толкуваше Џована Антонели која денес има 43 години и е мајка на три деца. Таа иако снимала речиси цела деценија претходно, голема ѕвезда стана дури по серијата „Клон“.
Серијата беше снимена во 2001 година, кога шармантната актерка од големата и забранета љубов беше во центарот на случувањата. Таа ги освои симпатиите на публиката и долго време беше една од омилените актерки секаде каде што серијата доживеа неверојатен успех.
Но мораме да признаеме дека Џована и денес изгледа неодоливо, па дури и непроменето, иако од тогаш поминаа речиси 20 години. Таа се уште е многу успешна актерка во Бразил, а покрај глумата активно се занимава и со продукција и ја има задржано својата вонсериска убавина.
Таа порасна со нејзината мајка балерина и татко оперски пејач, како и постар брат кој денес е адвокат. Со актерство започнала да се занимава на само 14 години, а по серијата „Забранета љубов“ која важи за една од најпопуларните на овие простори, таа се појави во бројни серии, а освои и многу награди, најчесто од категоријата најдобра актерка.
Но кога е во прашање нејзиниот љубовен живот, таа доживеа вистинска драма за која долго време се зборуваше.
Пред две децении се омажи за публицистот Рикардо Медина, кој го запозна во средношколските денови. Тие се венчаа во 1997 година, а по четири години ќе решат да се разделат, односно во 2001 година.
Следната година ќе се омажи за својот колега од „Клон“ Мурило Бенисио со кого претходно се забавувала некое време.
Во тоа време Џована заедно со нејзиниот втор сопруг папараците ќе ги следат нон стоп, па во 2004 година со него доживеа сообраќајна несреќа.
Таа тогаш ги обвини фоторепортерите за целата ситуација, а во болницата дозна дека е во блажена состојба. Се породи во 2005 година, синот Петар, а по две години, во 2007 година, ќе се разведе и од вториот сопруг.
Таа потоа уште еднаш ќе се омажи, овој пат за Леонардо Ногеира, со кој во 2010 ги
доби близначките Софија и Антонија.Серијата премиерно беше емитувана пред 19 години, а убавата актерка Џована и денес, на свои 44 години изгледа атрактивно. И додека во серијата секогаш имаше впечатлива шминка и беше една од жените што го популаризираа трендот со истакнување на очите со помош на шминката, Џована во приватниот живот изгледа поразлично. Со улогата во филмот „Клон“, Џована доби навистина голема популарност, а и ден-денес сите ја паметат како Жаде.
Погледнете како Жаде изгледа денес, но и како изгледаат нејзините колеги и колешки од „Клон“: