MAMA

Еве како ги натерав своите деца да не бараат скапа и брендирана гардероба

На американскиот блог quora.com можете да поставите прашање од било која област. Во тоа море од прашања, едно беше поинакво.

Една мајка се интересира како да им објасни на своите деца, тинејџери, дека скапата и брендирана облека и обувки не ја одредува нивната вредност.

Одговорот кој го доби од мајка на две деца стана вистински хит. Еве каков совет и понуди:

„Многу лесно„ Кога тоа го поминував со моите деца, кога беа тинејџери, се уморував од тоа да им го објаснувам тоа што го поставуваш во прашањето…затоа проблемот го префрлив на нив.

Секоја година, на почетокот на училишната година, барам од нив да напишат список на она што треба да се замени во нивниот гардеробер – од долна облека, преку капути, ранци, патики, зимска опрема, па дури и опрема за скијање – се.

 

Тие списокот го печатеа и ми го даваа, а тогаш јас го гледав и означував што сметам дека е разумна цена за секој од споменатите предмети, а потоа ќе направевме вкупна сметка за секој список (по дете).

Секогаш имаше најмалку 500 долари за зимска сезона, а помалку за летната.

Но тука доаѓа и генијалниот мама- потег!

Извадив дебитна картичка за двете деца, со износ кој сметав дека е фер и разумен, а опфаќа речиси се на списокот.

Не сте го користеле тоа до сега? Картичките обично се користат околу 3 години, осигурени се, така што детето и да ги изгуби, не ги губи парите, а можете и да проверите каде и на што се потрошени парите преку апликациите на телефонот.

Така, им дадов картичка и „Шопинг правилата на нашата куќа“.

1. Морате да го купите сето она што е на списокот, користејќи го само износот на пари кои го ставив на вашите картички. Без пречекорување. (Сакаш да потрошиш 300 долари на патики? Ок, но тогаш ќе мора да ја носиш старата јакна, фармерки, дресот со флека, старата долна облика во текот на целата година. Животот е составен од избори).

2. Не смеете да купите ништо што не може да се носи на училиште (секако, претходно направивме договор и очекувањата околу стајлингот за излегување, забави, плажа. Само сум штедлива, не сум лоша или луда).

3. Цената од облеката или обувките не смее да се симне се додека:

– Не видам како ви стои

– го одобрам тоа што сте го купиле и

– мора да го купувате во продавниците кои дозволуваат враќање на купеното, замена или рефундација, во случај нешто ако не ви стои добро или е од лош квалитет или ако јас кажам дека не е во ред од било која причина.

А знаете кој е генијален потег?

Им остануваа пари по купувањето на овие работи од списокот?

Со ваква организација притисокот околу вредноста на парите е на нив. И каков е резултатот?

Одеднаш, патиките кои чинат 250 долари (за деца кои не се спортисти), стануваат така неразумни за купување дури и за нив, кога можат да заштедат 200 долари така што ќе купат совршено добри Најк патики да речеме за 50 долари, а кои сами ќе ги изберат…

Одеднаш, моите деца станаа одлични купувачи, кои ги споредуваат цените и она што го добиваат за одредена цена. Нема да верувате дека вашите деца, кога ќе ги пребараат сите понуди на попуст, ќе одлучат да купат, да речеме маичка Адидас за 9 долари наместо да дадат 29 за некоја друга на која тоа и е полна цена, па уште и собираат поени или купони за попуст.

Но, што е најдобриот дел за мене како родител: Никогаш повеќе немаше: ужаси, лутина, исцрпеност, фрустрации, трескање врата, стрес…

И на крајот… нема повеќе ужасни дискусии и распраив околу тоа дека парите не ни паѓаат од небо, дека секој живее со буџетот со кој располага, препирки во стилот „Не ми е гајле што мајката му купила на твојот другар“ или објаснувања дека мора да останеме во рамките на буџетот со кој располагаме за да правиме и некои други забавни активности.

Стресот околу овие работи засекогаш исчезна! Го сфатија тоа со разбирање, конечно!

Шопингот за нив стана спорт кој подразбира носење одлуки, но исто така дека имаат контрола на нивните детски картици, како и одлучност да имаат се што им е потребно, но исто така и по прифатлива цена, зошто се мотивирани од парите кои им остануваат. Нивните пријатели и не ја знаат разликата меѓу кредитна и дебитна картичка, пто е уште една моја победа!

И да, сега повеќе не зборуваа: „Мамо купи ми…“, туку „сакам да си купам нови обетки…“ и тогаш се трудат тоа да го остварат.

Ми беше многу занимливо да ги гледам децата како одлучуваат за работите. За тоа што може да имаат ранец кој ќе го користат малку подолго можат да си дозволат некои квалитетни работи како кожни чевли кои исто така ќе траат подолго…

Најважно е што почнаа да внимаваат на тоа како и на што трошат пари. Сега размислуваат пред нешто да посакаат или да купат.

Секако дека јас плаќам кино или семејно излегување, но тоа повторно е победа за мене како родител.
Овој систем на функционирање го пробавме и за матурската вечер. Се држевме до својот буџет зошто ако го надминеме тогаш ќе мора тоа да го надоместат од својата заштеда, џепарлак или заработка.

Кога почнав да ја практикувам оваа метода, децата имаа 4 и 14 години и одлично се снајдоа. Исто така, морам да напоменам дека овие „еднократни картички, како јас си ги нарекувам, не се врзани за ниту една моја банкарска сметка“.

Нели е генијално?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close