Дом и семејство
Еве каде живее Душко Тошиќ- објави фотографија и покажа зошто жените лудуваат по него!
Се фотографираше во вилата во Дедиње...
Бракот на поп-дивата Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ во последните месеци често беше предмет на јавна дебата, како на порталите, така и на социјалните мрежи, и сите беа во недоумица за тоа каде престојува фудбалерот кога е во Белград.
Иако Јелена веќе во јавноста не го коментира бракот и врската со Душко, сега дефинитивно е јасно дека тие двајца живеат заедно.
Тоа го потврдуваат и фотографиите кои Душко ги објави од вилата во која живее на Дедиње, на некогаш омиленото место за фотографирање на Јелена.
Душко, како и неговата сопруга, го сликаше неговиот аутфит, а доби и бројни коментари, воглавно комплименти.
Според она што може да се види од останатите фотографии на Инстаграм профилот на фудбалерот тој навистина има изградено свој стил, и речиси секогаш има моден погодок.
Според коментарите кои ги добива од женскиот пол слободно може да се каже дека тој е миленик кај жените, а на Јелена многумина и завидуваат за овој “полн пакет” маж со сите нишани.
„Овој човек не греши“, „Не знам како се облекуваше претходно, но сега може да држи лекции“, „Што направи Јелена од човекот, модна икона“, „Ех, ако сите фудбалери се угледаа на него “,„ Јелена, сестро, секоја чест, не може да не знае како да се облече кога е со тебе “, се некои од коментарите.
Да потсетиме, Јелена неодамна ја коментираше врската меѓу неа и сопругот и со тоа стави крај на обвинувањата дека тие двајца не се во добри односи.
– Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не е во ред со него? Мислам, отсекогаш сум го тврдела тоа, но сега имам потврда – кратко изјави таа неодамна.
Јелена во новогодишното интервју за „Ало!“ откри дека како мајка е многу посветена, а како сопруга дефинитивно е заслужна за опстанокот на бракот.
– Се додека сум во брак, тоа трае само затоа што го задржав. Жената е столб на секое семејство. Сите жени на Балканот се борци од тој вид, ми се чини – изјави Јелена.
Јелена на овој начин стави крај на сите пишувања за тоа како нејзиниот брак е во криза, но откри и дека за неа врската со Душко е нешто свето и нема место за развод.
Себеси се опишува како воспитана, културна, духовита и лојална и нежна мајка. Таа е силна личност, способна да ги надмине сите неволји и да излезе на сцената како врвен професионалец.
Во една прилика откри дека имала прекрасно детство, но разводот на родителите оставил трага кај неа која сепак успеала да ја насмине. За својата мајка вели дека е хероина и нејзина ѕвезда водилка…
– Бев среќно дете, но не многу разбрана во училишната средина. Се разликував во секоја смисла, од однесување до физички изглед, бидејќи бев многу висока, па како дете создадов дел од својот свет. Цело време пеев, музиката и тогаш ми беше опсесија и ми беше кристално јасно со што ќе се занимавам. Тогаш реков дека е ужасно да си толку мал и да губиш време чекајќи да пораснеш и да станам тоа што сум денес. Мајка ми беше новинарка, татко ми многу успешен во полиција, но многу брзо се разведоа и дополнително ми го искомплицираа детството. Обележана со чудно презиме, пораснав со мајка ми, тетка ми и баба ми, кои ме научија да бидам алфа женка. Мајка ми беше и останува ѕвезда водилка и инспирација на целиот мој живот. Таа го одбележа на најубав можен начин. Доволно ми е да ги затворам очите и да можам и сега сосема јасно да разговарам со неа, рече Јелена.