Кафе муабет
Еве зошто сите гледаа во Богдана Ражнатовиќ: Снаата на Цеца го носи најубавиот фустан за оваа есен- дамите со облини ќе го обожаваат
Го сокри трудничкото стомаче...
Каде и да се појави, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана ги собира сите погледи па така беше и вчера кога се појави на важен меч на познатиот боксер.
Со нејзината појава, не еднаш докажа дека припаѓа на најстилските дами на јавната сцена, па вчерашниот стајлинг само беше доказ дека таквата репутација е оправдана.
Комбинезонот на Богдана Ражнатовиќ, кој го избра за да го бодри синот на Цеца, веднаш им падна во очи на сите кои ги видоа дамите од семејството Ражнатовиќ во публиката, бидејќи на настанот присуствуваше и самата Цеца, како и сестрата на Вељко, Анастасија.
Комбинезонот на Богдана Ражнатовиќ се истакна и покрај тоа што беше во смирени тонови. Кафеавиот кожен фустан и чизмите со високи потпетици во слична нијанса завршија одлична „работа“, а целиот стајлинг го комплетираше со елегантен бел капут.
Комбинезонот на Богдана Ражнатовиќ добро го сокри трудничкиот стомак, но факт е дека од следната година семејството ќе биде побогато за уште еден член.
Меѓутоа, она што беше најубаво на Богдана таа вечер беше нејзиниот и синот на Вељко, Жељко, кој мирно седеше во скутот на мајка си.
Ова беше многу важна борба за Вељко бидејќи сите членови од неговото потесно семејство дојдоа да го бодрат, но присуството на малиот Жељко секако беше посебна мотивација за младиот боксер кој успеа да се закити со титулата Шампион на Србија.
Пред преполната сала во Убу, Вељко го прослави шампионскиот појас држејќи го во раце својот син Жељко.
„Благодарам на семејството, на тимот, но пред се на Господ Бог кој ми го овозможи ова“ – рече новиот шампион на Србија.
Во одличен натпревар пред преполната сала во Убу, Ражнатовиќ со технички нокаут го совлада Горан Бабиќ, големиот шведски борец со српски корени.
Со синот Жељко во рацете го прослави освојувањето на првиот шампионски појас.
Семејството Ражнатовиќ, мајката Цеца, сопругата Богдана и сестрата Анастасија, беа бучни од првиот ред покрај рингот, но најмногу навиваше малиот Жељко.
-Не можев да изгубам пред син ми! Им благодарам на моето семејство за поддршката, на мојот тим кој брилијантно ме подготви за најважниот меч во кариерата, но пред се му благодарам на Бога што ми го овозможи сето тоа – изјави новиот шампион на Србија во професионален бокс.
Новиот боксерски шампион на Србија, Вељко Ражнатовиќ по мечот доби многу пофалби и честитки, со надеж дека ќе продолжи со одлични натпревари и титули.