Кафе муабет

Еве зошто сите гледаат во чевлите на Јелена Ѓоковиќ за кои потроши 1.000 долари- по црвените мокасинки полудеа жените

Жените ги обожаваат...

Јелена Ѓоковиќ деновиве престојува во Лондон заедно со својот сопруг, Новак Ѓоковиќ каде е во тек престижниот Грен слем Вимблдон.

фото профимедиа

Дали Новак ќе успее да ја одбрани титулата останува да видиме, но сигурно е дека неговата сопруга е сериозна конкурентка на познатите ВИП дами кои ги гледаме секогаш средени од глава до пети, особено кога е модата во прашање.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Таа пред вчерашниот меч на Ноле се прошета низ клупскиот комплекс „Ол Ингланд“ во едноставна, но импресивна комбинација, со која ги воодушеви своите следбеници на „Инстаграм“.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Таа искомбинирала тесни бели панталони и маичка во иста боја со црвена јакна и мокасини од брендот Loro Piana, кои чинат околу илјада долари. Практично, елегантно, дискретно, во склад со елегантен турнир.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Но, она што на многумина им падна во очи, покрај чевлите и чантата, беше фризурата на Јелена, која беше повиткана од вообичаено.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Меѓу коментарите забележавме еден што го остави Лили Бекер, поранешна сопруга на познатиот германски тенисер и пријател на Новак, Борис Бекер: „Кадриците ти стојат убаво, мамо!“

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Колку Јелена троши на облека?

Сопругата на најдобриот тенисер на денешницата ја гледаме во разни изданија – од оние обични, што многумина се прашуваат дали воопшто има пари да си дозволи поскапа облека, до ултра гламурозни, кога ќе ви го одземе здивот во парчиња со најскапи потписи.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Модните експерти ќе кажат дека Јелена Ѓоковиќ е секогаш беспрекорно облечена, во согласност со пригодата, а не со средствата со кои располага.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

На крајот на краиштата, стилот не може да се купи, а Јелена обично го следи старото добро правило за елеганција – помалку е повеќе. Нема да ја видите ни со килограми шминка на лицето – доволно е да ја истакнете софистицираноста и да не привлечете внимание.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Иако нејзиниот стил еволуираше со текот на годините, има некои работи од кои никогаш не се откажува. Фармерки, лесни кошули и патики се секојдневен избор на Јелена. Има и уште една модна екстремност, поексклузивна, кога му прави друштво на Новак на специјални настани. Само за потсетување, нејзиниот вкус своевремено го пофали Ана Винтур, а знаеме дека строгата уредничка на „Вог“ тешко се соборува.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

На традиционалната вечер организирана по завршувањето на Вимблдон, во јули 2016 година, таа се појави во фустан со цветен принт од шифон од Александар Меквин.

ФОТО Getty Images

За „судирот“ на модата и тенисот во Милано, Tennis Meets Fashion, гала вечер организирана од Фондацијата Новак Ѓоковиќ и Армани во септември 2016 година, таа избра ревијален модел од пролетната колекција на Armani Prive.

ФОТО Getty Images

На хуманитарниот настан на Фондацијата Ѓоковиќ во Лондон, во јули 2013 година, таа блесна во фустан на Оскар де ла Рента, а стајлингот го комплетираше со мини чантата од Bottega Veneta.

ФОТО Getty Images

Шампионска вечера на Вимблдон 2018, по финалето во кое Новак и Рафаел Надал ги вкрстија рекетите Јелена се појави во елегантен везен фустан од Џамбатиста Вали ги украде погледите на присутните.

ФОТО Getty Images

Мастерсот во Монте Карло, во пролетта 2015 година, го следеше преку очилата за сонце Луј Витон…

ФОТО Getty Images

Фондацијата Новак Ѓоковиќ и Стопанската комора на Србија потпишаа меморандум за соработка во мај 2018 година, а директорката на хуманитарната организација тогаш носеше модел на брендот Peter Pilotto.

ФОТО Getty Images

Панелот организиран во февруари 2020 година од страна на Фондацијата на познатиот тенисер и списанието Original се одржа, погодувате, во името на Јелена Ѓоковиќ. Таа за оваа пригода избра џемпер  од брендот Red Valentino со извезени птици.

ФОТО Getty Images

Таа летото во 2018 гследеше еден од натпреварите на Новак од свечената ложа на Вимблдон и се појави во краток портокалов фустан од Тулароса со цветни мотиви. За тоа издвоила 213 евра.

ФОТО Getty Images

Таа присуствуваше на финалето на УС Опен во 2012 година, кога Енди Мареј го надигра Ѓоковиќ, а беше облечена во син пуловер. Ќе беше сосема обичен стајлинг доколку не го комплетираше со обетки од 18-каратно злато од престижната златарница Van Cleef and Arpels.

ФОТО Getty Images

Фармерки, нејзината омилена комбинација „за секој ден“, носеше и за време на фотосесија, а на нозете имаше модел на патики Најк.

ФОТО Getty Images

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close