Кафе муабет
Еве зошто се скарале Анастасија и Гудељ пред хотелот во Катар: За се се виновни тие две- пејачката сакала да го изненади, но се шокирала она што тој и го направил
Не се видел со неа...
Пред неколку дена во медиумите осамна веста дека Анастасија Ражнатовиќ наводно се скарала со своето момче Немања Гудељ пред хотел во Катар а за се се виновни неговата мајка и сестра.
Имено Немања одвоил време за да се види со мајка си Оливера и сестра Вања, но не и со неговата девојка, иако следниот ден парот славел осум месеци љубов.
Поради тоа не успеало изненадувањето што Анастасија му го приредила, и таа му замерила на фудбалерот, но веќе следниот ден ги решиле сите проблеми и продолжиле понатаму. Не очекуваше тој да не се види со семејството, туку да најде време и за неа.
– Анастасија се потруди да го изненади Гудељ по повод осум месеци врска. Кога слушнала дека селекторот Пикси ќе дозволи кратка средба меѓу семејствата и играчите, сакала да дојде во неговиот хотел и организирала се. Но, таа, наводно, навистина се налутила кога Немања преку видео повик и кажал дека мајка му и сестра му ќе дојдат на гости и дека е подобро да не дојде за да нема непријатна средба меѓу нив. Тешко и било што не можел да најде време за неа, па наводно со повишен тон го завршиле тој разговор – изјавил извор близок до Ражнатовиќ, за српски Курир:
– Анастасија не сакаше да остане нерасположена, па самоиницијативно се упати кон хотелот рано наутро пред мечот со Швајцарија. Таму продолжија да се расправаат. Повторно му рекла дека е лута што нема време за неа, но дека не го обвинува што се видел со семејството. Таа му објасни дека нејзиното изненадување не успеало. Тогаш, наводно, Немања навистина се изнервирал, па и рекол да не го замара со таа приказна пред важниот меч со Швајцарија. Инсистирал да ги види Оливера и Вања, бидејќи нивната поддршка многу му значи, но додал и дека му е драго што и таа дошла да го поддржи. Со оглед на тоа што пејачката тогаш зборувала со погласен тон, фудбалерот и рекол да оди во неговиот хотел и да не го срами пред соиграчите и дека мора да оди на тренинг. Замина многу лута – додава изворот.
Кога малку се оладила, Анастасија сфатила дека реагирала бурно, па пред мечот со Швајцарија кој Србија го загуби, со маркер на дресот со презимето на Гудељ, кој тогаш го носела, напишала: „Среќни осум месеци!”
На самиот натпревар според приказната на изворот таа била една од најжестоките навивачки на Србија, а дека на крајот ги решиле сите несогласувања потврдува и тоа што го чекала на аеродром по враќањето од Светското првенство во Катар, како и нивното заедничко заминување во Шпанија, каде што се моментално.
Сепак, се уште останува отворено прашањето до кога семејството на славниот фудбалер ќе заговара и ќе се обидува да ја наруши нивната врска, кога повеќе од јасно е на чија страна е неговото срце.
Неодамна мајката на Немања, Оливера напиша порака на својот Инстаграм профил а многумина кои се свесни дека таа повеќе не го поддржува изборот на синот коментираа дека кога ја објавила пораката мислела на Анастасија.
– Мајка секогаш знае сè. И кој ти е пријател, кој ти мисли добро, а кој мисли зло. Таа некако го чувствува тоа. Грижете се за вашата мајка – гласи објавата на Оливера Гудељ.