Кафе муабет

Еве зошто „пукна тиквата” меѓу Северина и Игор – конечно откриена вистината за разводот!

Парот стави точкна на љубовта која траеше шест години...

Свадбата на Северина и Игор Којиќ беше една од најозборуваните и главна тема во медиумите.

Фото Инстаграм/Северина

На бајковитата свадбена прослава Игор и Северина го изговорија судбоносното „да“ пред повеќе од 600 гости а од тогаш поминаа шест години.

Иако пред неколку месеци официјално ставија крај на бракот, фотографиите од нивната венчавка најавија љубовна бајка која се чинеше дека ќе трае…

Фото Инстаграм/Северина

Сепак, не е се како што изгледа, а доказ се фотографиите направени на 22 ноември 2015 година. Покрај бајковитата декорација, одлично стилизираните гости и убавите младенци, посебно внимание привлекоа и фотографиите од првиот танц на брачниот пар Којиќ, на кои во одреден момент им се придружија таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба и мајката на Северина, Ана.

Фото Инстаграм/Северина

Со тој танц беше најавена свадбата на Северина и Игор Којиќ, при што Игор заигра со мајката на Северина, додека пејачката играше со свекорот Кеба.

Шест години подоцна Игор и Северина официјално потпишаа развод. Иако во медиумите може да се прочита дека Ана Вучковиќ навивала нивниот брак да ги надмине тешкотиите и нејзината ќерка да остане со Игор, таа во оваа прилика не се огласи.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

Сепак, се чини дека односите на Северина со семејството Којиќ не останаа таинствени. Иако Драган и Оља Којиќ решија јавно да не ја коментираат врската на нивниот син и неговата сега веќе поранешна сопруга, Северина во една прилика на социјалната мрежа „Инстаграм“ го кажа своето мислење за нејзиниот поранешен свекор:

Фото Инстаграм/Северина

– Генерални покровители на мојот брак, од сигурни шумски извори, доста ако имате милост кон Бог, – напиша Игор, а Северина му одговорила на тогашниот сопруг и ги спомнала свекорот и свекрвата:

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

– Те молам исклучи ме од ова, покровители се Оља и Драган – напиша тогаш таа, а дали нешто во меѓувреме се сменило и дали пејачката ги измазнила односите со семејството Којиќ, чие презиме повеќе не го носи, е сосема непознато.

Фото Инстаграм/Северина

Северина има ново момче!

По шест години брак и развод од поранешниот фудбалер Игор Којиќ, пријателите на пејачката велат дека таа е повторно заљубена.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ
Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Наводно на пејачката и цветаат рози кога станува збор за љубовниот живот, а веќе на големо се зборува дека таа е во врска со продуцентот Филип Милетиќ.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Неодамна најблиските пријатели на Северина беа на ручек во моден ресторан во Загреб. Ја повикале и пејачката но таа но таа одбила. Пријателката на Севе потоа искоментирала: „Нашата пријателка повторно е многу заљубена“.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ
Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Севе и Милетиќ ја започнаа соработката пред десетина години, кога тој работеше на хитовите како „Бред Пит“, „Узбуна“, „Италијана“… Во секој случај, пејачката и продуцентот се неразделни по нејзиниот развод со Игор.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Откако потврди дека дефинитвно става крај на бракот со Игор, Северина го помина времето со пријателите на море, а со нив бил и продуцентот. Потоа позираа заедно во костим за капење, а заедно се појавија и на промоцијата на книгата на Димитриј Поповиќ во Клиничката болница Дубрава. Таа пред извесно време позираше со Филип и му подари роденденска торта на која пишуваше „Те сакаме“.

Фото Инстаграм/Северина Вучковиќ

Игор се врати во прегратките на поранешната!

Игор Којиќ по разводот од пејачката не губеше време и одлучи да се врати кај својата поранешна. Имено тој сега повторно сака да го освои срцето на актерката Катарина Радивојевиќ која ја остави токму поради Северина.

foto-story
Фото Инстаграм/Игор Којиќ

Извор за српски Стар, вели дека Игор започнал врска со актерката…

Фото Фејсбук/ Катарина Радивојевиќ
Фото Фејсбук/ Катарина Радивојевиќ
Фото Фејсбук/ Катарина Радивојевиќ

-Игор долго време не ја виде Катарина. Таа беше во Америка, а тој во брак и немаа прилика да бидат заедно. Неодамна случајно се сретнаа во еден ресторан и се поздравија, разговараа. Тој веднаш се заинтеренсира, не можеше да верува колку добро изгледа. Не го тргна погледот од неа. По средба веднаш започна да и пишува. Искрено не знам што ми се случува, не знам дали му одговорила, но знам дека не се видеа“, вели извор за „Стар“.

Фото Фејсбук/ Катарина Радивојевиќ
Фото Фејсбук/ Катарина Радивојевиќ
Фото Фејсбук/ Катарина Радивојевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close