Кафе муабет
Еве зошто за љубовната приказна на Брижит и Емануел Макрон зборува целиот свет
Поради него се развела од првиот сопруг со кој има три деца...
Брижит Макрон е во центарот на вниманието на европската јавност од 2017 година, кога нејзиниот сопруг Емануел стана претседател на Франција, а таа прва дама.
Нивната љубовна приказна и разликата во годините постојано е на тапет, но како што може да се види од сите јавни појавувања, парот е во хармоничен брак а Макрон е премногу заљубен во својата сопруга која е 24 години постара од него.
Брижит неодамна даде искрено интервју за францускиот „M Le magazine du Monde“, зборувајќи за својот брак, но и за бројните критики со кои секојдневно се соочува.
Инаку, таа е родена во семејство кое припаѓа на буржоаската класа, а посетувала приватно католичко училиште, па оттука и критиките упатени кон нејзината перцепција на реалноста.
Таа потсети и на помпата околу реновирањето на Елисејската палата, чија сметка изнесуваше неколку милиони евра во екот на кризата на жолтите елеци, односно масовните протести во Франција. Првата дама тврди дека чистењето било неопходно и дека морало да се внесе духот на модерноста во самиот декор на палатата, бидејќи се било во стилот на империјата.
„Постоеше загриженост за поплавите и таписериите мирисаа на тутун“, коментира таа.
Брижит се осврна и на неизбежната разлика во годините меѓу неа и Макрон, која ја интригира не само локалната туку и светската јавност.
„Французите несомнено би претпочитале помлада прва дама. Знам, ние сме нетипичен пар, меѓу нас има разлика од 24 години и разбирам дека можеби за многумина е несфатливо и неразбирливо. Од друга страна, не можам да разберам од каде доаѓа толкава агресија“, рече таа.
Да потсетиме, Макрон ја запознал својата сопруга уште во 1993 година кога имал 15-години во приватно училиште во Амјен, каде таа била вработена како учителка, а тој го посетувал истото. „Индепендент“ пишува дека претседателот на Франција немал ни 17 години кога започнал долгогодишна врска со тогаш се уште мажената Брижит која имала 40 години. Поради него го оставила првиот сопруг со кој имала три деца и во 2007 година се омажила за Емануел. Интересен е фактот дека едно од нејзините деца било соученик на Макрон.
-Тоа нè зближи, се дружевме секој петок и ставаме неверојатно блиски – изјави во една пригода Брижит.
-Емануел велеше дека така ќе им ја затвориме устата на сите и се земавме. Тој е како суштество од друга планета, кое поседува комбинација на ретка интелигенција и изворедна хуманост. Филозоф кој стана банкар и политичар и јас сè уште сум вљубена во него како тинејџерка – рече во една прилика првата дама.